Разлика помеѓу преработките на „Бесправно доселување“

Додадени 10.889 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
===Малезија===
Во [[Малезија]] има околу 800 000 нелегални имигранти. Во јануари 2009 година, за да ги заштити граѓаните од масовна невработеност поради глобалната економска криза Малезија го забрани вработувањето на странски работници во фабриките , продавниците и рестораните. Неодамна еден етнички Малезиец од Индија доби казна камшикување и 10 месеци затворска казна, бидејќи во својот ресторан вработил 6 нелегални имигранти. „ По ова, сметам дека на малезиските работодавци ќе им биде страв да вработат странски работници (без работна дозвола ) и убаво ќе размислат пред да направат такво нешто”, рече обвинителот Азлан Абдул Латиф од одделот за имиграција. „ Ова е прв случај кога работодавец е казнет со тепање”.-рече тој. Исто така, нелегалните работници пред да бидат депортирани се подложени на тепање.
 
===Мексико===
Само во првите шест месеци од 2005 година, повеќе од 120 000 луѓе од Централна Америка биле депортирани во нивните родни земји. Ова е значително поголема стапка во споредба со 2002 година, кога за една година само 130 000 луѓе биле депортирани. Друга важна група луѓе се Кинезите , кои им плаќаат на шверцерите околу $ 5 500 за да ги пренесат од Хонг Конг во [[Мексико]]. Се проценува дека во Мексико 2,4 % од отфрлањата на работните дозволи главно се однесуваат на Кинезите. Во големите градови низ земјата на многу жени од Источна Европа, Азија и Централна и Јужна Америка им се нуди работа во стриптиз клубови,поради што Националниот институт за миграција (ИНМ) во Мексико врши рација во стриптиз клубовите и ги депортира странците кои работат без соодветна документација. Во 2004 година, ИНМ депортираше 188 000 луѓе во вредност од 10 милиони американски долари. Од 2004 до 2006 година нелегалната имиграција на Кубанците низ Канкун тројно се зголеми.
 
Во септември 2007 година, мексиканскиот претседател Калдерон остро ја критикуваше владата на САД за преземањето остри мерки во однос на нелегалните имигранти , велејќи дека тоа придонело до протерување на работниците-имигранти кои немаат визи. „Јас изјавив дека Мексико не завршува до границата ,туку секаде онаму каде што има Мексиканец , таму е и Мексико. “
 
Во октомври 2008 година, Мексико ги заостри правилата за имиграција и се согласи да ги депортира Кубанците , притоа користејќи го Мексико како влез во САД. Исто така ја критикуваше и политиката на САД , кои најчесто им дозволуваат на Кубанците да останат во САД откако ќе влезат на нивната територијата . Кубанскиот министер за надворешни работи изјави дека кубанско-мексиканскиот договор ќе доведе до „репатрирање на најголем дел од мнозинството Кубанци.”
 
===Непал===
Во 2008 година, непалската влада предводена од маоистите воведе остри мерки против тибетските бегалци со цел да ги депортираат во Кина сите Тибеќанци кои нелегално живеат во земјата. По неуспешното антикинеско востание во Тибет од 1959 година, Тибеќанците започнаа да навлегуваат во [[Непал]].
 
===Пакистан===
===Русија===
[[Русија]] доживува постојан прилив на имигранти. Во просек, секоја година во земјата влегуваат по 200 000 легални имигранти, од кои околу половина се етнички Руси кои потекнуваат од другите републики од поранешниот Советски Сојуз. Покрај тоа, во земјата се проценети 10-12 милони нелегални имигранти. Во последниве години, во големите руски градови имаше значителен прилив на етнички Грузијци, Ерменци, Азербејџанци, Таџици и Узбеци, на што многу граѓани гледале како на нешто негативно, а тоа придонело кон појава на националистички чувства. Голем број етнички групи на имигранти имаат многу повисок наталитет отколку родените Руси, што дополнително ја менува рамнотежата. Некои Кинези ја избегнуваат пренаселеноста и прописите за контрола на наталитетот во нивната матична земја и се населуваат во Далечниот Исток и јужен Сибир. Главното пацифичко пристаниште на Русија и поморската база на Владивосток, кои некогаш беа затворени за странци, а денес се натрупани со кинески пазари, ресторани и трговски куќи. Ова почна да се случува многу често откако се распадна Советскиот Сојуз.
 
Нелегалното преминување на границата се смета за кривично дело и во одредени случаи оние кои се фатени како нелегално ја преминуваат границата се осудени на затворска казна. На пример, во октомври 2008 година рускиот весник го објави случајот со еден Кореец од Северна Кореја кој бил притворен откако од Кина нелегално ја преминал реката Амур. Според руските власти тој бил „економски мигрант” кој добил затворска казна од 6 месеци, а откако ја отслужил казната бил депортиран во својата земја и покрај тоа што таму можеби ќе биде изложен на ризик да добие и потешка казна. Од почетокот на годината, тоа беше само еден од 26-те случаи на луѓе од различни националности кои нелегално влегуваат во земјата и кои добиле кривична казна во Амурската област.
 
===Саудиска Арабија===
[[Саудиска Арабија]] започнала со изградбата на бариера за одвојување помеѓу нејзината територија и Јемен за да го спречи нелегалното движењето на луѓе и добра во и надвор од Кралството.
 
Во 2006 година, во еден мултимилионски проект Саудиска Арабија, за да ги осигура границите на кралството предложи планови за изградба на безбедносна ограда по должината на целата нејзина пустинска граница со Ирак долга 560 милји (900 км), со цел да ја подобри внатрешната безбедност, контролата на нелегални имигранти и да ја зајакне својата одбрана од надворешни закани.
 
===Јужна Африка===
[[Јужна Африка]] е дом на околу пет милиони нелегални имигранти , вклучувајќи околу три милиони Зимбабвејци. Кон крајот на 2007 година, нападите врз странските државјани значително се зголемиja и се смета дека од почетокот на 2008 година имало најмалку десеттина напади. Од 11 мај 2008 година во Јужна Африка се појавиле серија антиимигрантски нереди.
 
===Сирија===
Бројот на бегалци од Ирак се зголемил почнувајќи од американската инвазија во Ирак во март 2003 година. Обединетите Нации проценуваат дека од 2003 година приближно 2 200 000 Иранци ја напуштиле земјата, од кои секој месец приближно 100 000 пребегнуваат во Сирија и Јордан. Голем број од оние кои заминуваат во Јордан и Сирија создаваат демографски поместувања кои ги загрижуваат и двете влади. Бегалците се заглавени во сиромаштија, бидејќи најчесто не можат да најдат работно место во земјите-домаќини.
 
Властите во [[Сирија]] стравуваат дека новиот прилив на бегалци би ги ограничил ресурсите на земјата. За изворите како нафтата, греењето, водата и струјата се вели дека стануваат сè повеќе оскудни откако се зголеми побарувачката. На 1 октомври 2007 година новинарските агенции соопштија дека Сирија повторно ги наметнала рестрикциите врз бегалците од Ирак, како што изјави портпаролот на високиот комесар за бегалци на ОН. Според новите правила на Сирија, само ирчките трговци, бизнисмени и универзитетски професори кои добиле виза од сириските амбасади можат да влезат во Сирија.
89

уредувања