Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 159:
===Грција===
По отварањето на албанските граници во 1991 година, огромен прилив на економски емигранти од Албанија нелегално преминаа во [[Грција]] за да најдат работа.Денес тие се проценети на околу 600 000 до 800 000, но поради големиот процент на нелегални имигранти многу е тешко да се направи точна пресметка.
 
===Обединетото Кралство===
Во [[Обединетото Кралство]] има помеѓу 500 000 и 700 000 нелегални имигранти. Тешко е да се стигне до Обединетото Кралство, бидејќи поголемиот дел е сконцентритран на еден остров , но сепак шверцерите од Кале, Франција се обиделе да прошверцуваат нелегални имигранти. Голем број од нелегалните имигранти доаѓаат од Африка и Азија. Исто така, има и многу од Источна Европа и Латинска Америка кои нелегално дошле во Обединетото Кралство и нелегално останале по истекувањето на на нивните визи.
 
===Индија===
Се проценува дека неколку милиони нелегални имигранти живеат во [[Индија]]. Не постојат точни бројки, но се движат од неколку илјади до 20 милиони. Особено во Источна Индија тие главно се економски мигранти од Бангладеш, од кои поголем дел се муслимани. Главно поради постојаниот прилив на муслимани неколку земји од источниот дел на Индија ,вклучувајќи ги Асам и Западен Бенгал , доживеаја значителни демографски промени.
 
На својата источна граница, Индија гради бариери за да се избори против бранот од мигранти. Индиско-бангладешката граница е долга 4000 км (2 500 милји). Во моментов за да ја спречи незаконската трговија од Бангладеш, Индија гради ограда по должината на границата. Оваа опструкција практично ќе го изолира Бангладеш од Индија. Планот за бариерата е заснован на создавањето на бариерата на израелскиот западен брег и ќе биде 3,6 м (11,8 стапки) висока. Целта на создавањето на оградата е да се спречи навлегувањето на терористи, шверцот и да се сопре имиграцијата од Бангладеш.
 
===Иран===
Од крајот на април 2007 година, иранската влада насилно ги депортираше назад во Авганистан главно нерегистрираните (и некои регистрирани) Авганистанци кои живееле и работеле во Иран, чиј број изнесувал помеѓу 250 000 и 300 000 годишно. Присилното иселување на бегалците кои речиси три децении живееле во [[Иран]] и во Пакистан се дел од двата поголеми планови на земјата за неколку години да ги вратат сите авганистански бегалци во нивната татковина . Иран вели дека до наредниот март ќе испрати 1 000 000 бегалци ,а Пакистан изјави дека сите 2 400 000 бегалци од Авганистан ,кои во најголем дел живеат во кампови, мора да се вратат во своите домови до 2009 година. Експертите велат дека тоа ќе биде катастрофално за Авганистан. Исто така има многу нелегални имигранти од Африка кои навлегуваат во Иран преку Оманското Море.
 
===Либија===
[[Либија]] е дом на голем дел од населението од Супсахарска Африка, чиј број изнесува дури 2 000 000 имигранти. Планот за масовно протерување за да се депортираат по кратка постапка сите непријавени имигранти беше објавен во јануари 2008 година од либискиот лидер полковникот Моамер ел Гадафи.„ Нема да биде поштеден ниту еден жител кој нема легална виза.”
 
===Малезија===
Во [[Малезија]] има околу 800 000 нелегални имигранти. Во јануари 2009 година, за да ги заштити граѓаните од масовна невработеност поради глобалната економска криза Малезија го забрани вработувањето на странски работници во фабриките , продавниците и рестораните. Неодамна еден етнички Малезиец од Индија доби казна камшикување и 10 месеци затворска казна, бидејќи во својот ресторан вработил 6 нелегални имигранти. „ По ова, сметам дека на малезиските работодавци ќе им биде страв да вработат странски работници (без работна дозвола ) и убаво ќе размислат пред да направат такво нешто”, рече обвинителот Азлан Абдул Латиф од одделот за имиграција. „ Ова е прв случај кога работодавец е казнет со тепање”.-рече тој. Исто така, нелегалните работници пред да бидат депортирани се подложени на тепање.