Глоѓи: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот: козметички промени
Ред 25:
 
== Општествени институции ==
Централното [[основно училиште]] „Асдрени“ е лоцирано во село Глоѓи и обезбедува настава од 0 до 8 одделение на [[албански јазик]]. Училиштето ги опфаќа децата од селата [[Пршовце]] и Глоѓи. Во училиштето функционира една комбинирана паралелка за децата од 1,2,3 и 4 одделение кои следат настава на [[македонски јазик]]. Овие ученици од 5 до 8 одделение посетуваат настава во основното училиште
„Кирил Пејчиновиќ“ во [[Теарце]].
 
Вкупниот број на некомбинирани паралелки од 0-8 одделение е 18. Училиштето работи во две смени. Реонот на централното основно училиште „Асдрени“ ги покрива селата [[Пршовце]] и Глоѓи.
 
Училиштето е изградено во 1933 година, а во 1981 е доградено. Објектот е составен од подрум и два спрата и во целост (и стариот дел и новиот дел) се во добра состојба. Во објектот е застапена комплетна [[инфрастуктура]] има [[водовод]], канализација и електрична инсталација кои ги задоволува потребните норми и стандарди, но тоалетите се во лоша состојба. Во 1996 година објектот е реконструиран. Греењето на објектот е со ќумбиња на дрва. Вратите и прозорците се во лоша состојба.
 
== Администрација и политика ==
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Глоѓи