Разлика помеѓу преработките на „Бесправно доселување“

Додадени 9.278 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
 
===Бразил===
[[Бразил]] веќе долго време е дел од дестинациите за меѓународна имиграција. Во 2009 година владата го процени бројот на непријавени имигранти на околу 200 000. Една католичка добротворна организација која се занимава со имигранти, изјави дека во Бразил има 600 000 илегалци (од кои 75 000 се од Боливија). Истата година бразилскиот парламент одобри амнестија, со која започна период од шест месеци во кој сите странци можеа да побараат легализација без оглед на нивниот претходен законски статус. Во 1998 година Бразил последен ги легализираше сите имигранти. Исто така чести се и билатералните договори ,кои се потпишани во 2005 година и се едни од оние кои во Боливија ја промовираа легализацијата на сите имигранти .
 
Во Бразил нелегалните имигранти ги уживаат истите привилегии како и родените Бразилци во однос на пристапот до социјалните услуги, како едукација на јавноста и системот на јавно здравство во Бразил. Најголемиот број нелегални имигранти во Бразил доаѓаат од Боливија, Парагвај, Перу, Кина (најчесто од Фуџиен), Северна Кореја и Супсахарска Африка . Федералната полиција ги испитуваше имигрантите од Кина кои патувале низ шест земји пред да пристигнат во Сао Паоло за да работат во супстандардни услови во текстилна индустрија.
 
Во едно октомвриско издание на бразилскиот весник „О Глобо” (“O Globo”) беше цитирана студијата на Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП), која го процени бројот на нелегални имигранти на 1,4 милиони и укажа на неодамнешен бран на ксенофобија меѓу општото население.
 
===Канада===
Не постојат достапни веродостојни информации во однос на нелегалната имиграција во [[Канада]]. Проценките се движат помеѓу 35 000 и 120 000 нелегални имигранти во Канада. Џејмс Бисет, поранешен директор на Канадската служба за имиграција, укажа дека непостоењето на веродостоен процес за проверка на бегалците, во комбинација со големата веројатност дека ќе се игнорираат наредбите за депортација, резултираше со десетици илјади неизвршени налози за апсење на лица чиешто барање за статус на бегалец било одбиено, додека обидите за спроведување на правото се малобројни. Бегалците кои поднеле барање во Канада не мора да се обидуваат повторно да влезат во земјата за да го дознаат статусот на нивното барање. Во извештајот од 2008 година на главниот ревизор Шила Фрејзер беше наведено дека Канада им ја изгубила трагата на дури 41 000 нелегални имигранти. Се предвидува овој број драстично да порасне со истекувањето на привремените работни дозволи за вработување, кои биле издадени во 2007 и 2008 година и кои во многу случаи не биле обновени поради недостатокот од работни места како резултат на рецесијата.
 
===Чиле===
Неодамна [[Чиле]] стана нова привлечна сила за нелегални имигранти, во најголем број од Перу и Боливија , Еквадор, Парагвај, Колумбија и Хаитите. Според националниот попис од 2002 година, странското население во Чиле се зголеми до 75% од 1992 година па наваму.
 
===Народна Република Кина===
[[Народна Република Кина]] гради безбедносна бариера на границата со Северна Кореја за да ги спречи дезертерите и бегалците од Северна Кореја. Исто така, голем број имигранти се обиделе да имигрираат од Монголија во Кина. Можеби има дури 100 000 Африканци во Гуангџоу, од кои најголем дел се имигранти кои остануваат нелегално да живеат откако веќе им истекла визата.
За да се охрабрат луѓето да ги пријавуваат странците кои нелегално живеат во Кина , полицијата на предавниците кои пренесуваат информации им дава како награда 100 јени , со што успешно се постигнува прогонување од земјата.
 
===Домениканска Република===
Доминиканската Република , е држава-остров од која дел заземаат Хаитите, има огромен прилив на нелегални имигранти кои доаѓаат од Хаитите. Бидејќи земјината површина на Доминиканската Република изнесува 48 000 км и домородното население едвај надминува 10 милиони жители, а бројката која ја имаат властите во секој случај е алармантна и изнесува повеќе од милион нелегални имигранти од Хаитите кои живеат на доминиканско тло (што е 10 % од вкупното население).
 
===Европска унија===
[[Европска унија|Европската унија]] развива заеднички систем за имиграција и азил и стратегија за единствена надворешна контрола на границата.
Во Франција помагањето на нелегален имигрант (на пример снабдување со засолниште) е забрането со закон, кој е донесен на 27 декември 1994 година. Законот беше жестоко критикуван од невладините организации како ЦИМАДЕ и ГИСТИ, левичарските политички партии како Партија на Зелените и Француската комунистичка партија и синдикатите како Синдикатот на правници.
 
Голем број извештаи од локалните грчки острови, кои се наоѓаат во близина на турското крајбрежје, укажуваат на тоа дека Турците ги снабдуваат мигрантите со чамци и ножеви и им кажуваат да ги исечат чамците кога ќе запливаат во водите на Грција. Потоа грчките власти се принудени да се справуваат со приливот на илјадници нелегални имигранти кои се наоѓаат под правилата на ЕУ. Грчката полиција не е во состојба да работи со своите колеги во Турција, бидејќи турската армија е одговорна за својата граница. Неодамна 14 нелегални мигранти се удавија, бидејќи турските трговци со луѓе кои ги испратиле мигрантите да пловат по морето им кажале да ги засечат малите спортски чамци откако ќе запловат по грчките води. Во јули 2004 година турскиот весник „Хуријет” (Hürriyet) за прв пат ги објави статиите за бродовите на грчката крајбрежна стража кои биле фатени на снимка како крстарат во непосредна близина на неколку стотици метри од турскиот брег и ги оставиле нелегалните имигранти во морето, а по втор пат истите статии биле објавени во мај 2006 година. Наводно, како резултат на оваа практика на 26 септември 2006 година 6 луѓе се удавија помеѓу островите Хиос и Карабурун, додека тројца други исчезнале и 31 биле спасени од турските жандарми и рибари. Меѓутоа постојат голем број барања и сведоштва од граѓани кои не се Турци по потекло дека турските власти и/или граѓаните ги пренесуваат имигрантите преку морето , што често резултира со напуштање или понекогаш дури и до давење на имигрантите.
 
Пред депортацијата да предизвика шокираност во цела Латинска Америка , на чие чело беше претседателот Хуго Чавез кој се закани дека ќе го прекине увозот на нафта во Европа, со новиот ригорозен закон за имиграција на ЕУ нелегалните имигранти добиле притвор до 18 месеци.
 
===Грција===
По отварањето на албанските граници во 1991 година, огромен прилив на економски емигранти од Албанија нелегално преминаа во [[Грција]] за да најдат работа.Денес тие се проценети на околу 600 000 до 800 000, но поради големиот процент на нелегални имигранти многу е тешко да се направи точна пресметка.
89

уредувања