Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 119:
==Имиграција по држава или регион==
===Ангола===
Во 2007 година 44 000 Конгоанци биле принудени да ја напуштат [[Ангола]]. Од 2004 година повеќе од 400 000 нелегални имигранти , речиси сите по потекло од Демократска Република Конго биле протерани од Ангола.
 
===Аргентина===
Преамбулата од уставот на [[Аргентина]] наведува дека негова цел е да ги обезбеди благодетите на слободата за сите луѓе од светот кои сакаат да живеат на аргентинско тло. Понатаму, членот 25 од овој устав наведува дека Сојузната влада треба да ја поттикнува имиграцијата во Европа и не може да го ограничи или да го оптовари со каков било данок влезот на странците на територијата на Аргентина, кои дошле со цел да ја обработуваат земјата, да ги подобрат индутриите и да воведат и да предаваат наука и уметности. Меѓутоа иако уставот на Аргентина го оневозможува постоењето на такво нешто како ” нелегални имигранти” , сепак во земјата постојат непријавени имигранти. Во 2001 година, непријавените имигранти биле проценети од 50 000 на 2,500,000.
 
===Бутан===
Имиграцијата на доселениците од [[Непал]] во [[Бутан]] ([[Лоцампа]] (Lhotshampa)- термин кој се користи за бегалци од Непал во Jужен Бутан) полека започна кон крајот на 19 век. Со цел да го контролира напливот на нелегални имигранти, во 1985 година владата донесе нов Закон за државјанство кој го потврди и се обиде да го спроведе Законот за државјанство од 1958 година. За нелегални имигранти беа прогласени оние лица кои пред 1958 година не можеле да обезбедат доказ за престој. Во периодот помеѓу 1991 и 1992 година, од Бутан беа протерани околу 100 000 етнички Непалци, од кои повеќето оттогаш па наваму живееле во седум кампови за бегалци во источен Непал. САД предложи раселување на 60 000 од 107 000 бегалци од Бутан кои имале непалско потекло и кои сега живеат во кампови за бегалци на ОН во Непал. Дури и денес владата на Бутан не може да го реши проблемот за доделување државјанство на оние кои се во брак со Бутанци, и покрај тоа што тие веќе 40 години живееле во земјата.