Адвентисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 12:
 
Во меѓувреме, [[Џозер Бејтс]], се убедил дека светиот ден во седмицата е саботата, Сабат, и овој ден попрво требало да се слави отколку неделата. Ова наизглед ново учење меѓу протестантите, во суштина било позајмено од баптистите на седмиот ден. Официјално било осудено од умереното крило на милеровците во [[1845]] година, но веќе следната година го ширела помала група под влијание на младата „пророчка“ [[Елен Г. Вајт]]. Елена се омажила за [[Џејмс Вајт]], адвентистички проповедник. Подоцна, имала видение кое ја разработило Едсоновата верзија. Таа објавила дека Господ во [[1844]] год. „''влегол во небескиот храм да ја исчисти земјата од тешкиот грев - осквернување на саботата. Ќе се врати на земјата кога ќе ја заврши оваа задача''“. Оваа венчавка на саботарка со адвентист ја создало основата за организација на посебна гранка милеровци, кои го усвоиле името „''Адвентисти на седмиот ден''“ во [[1860]] година. Основањето на новата верска организација значело признавање на Елена Т. Вајт како боговдахновена пророчка, која била еднаква со пророците на [[Стар Завет|Стариот Завет]]. Навистина, Милер веќе бил повлечен од активното водење на движењето, и за кусо време тоа се пренело на [[Џејмс Вајт]], а особено на неговата сопруга. Таа се смета за основач на адвентизмот на седмиот ден. Спротивно на тврдењето на адвентистите дека веруваат во [[Библија]]та и само во Библијата, токму книгите на госпоѓа Вајт - таа била плоден писател - адвентистите ги сметаат за првенствен и авторитетен коментар на Светото Писмо.
 
== По основањето ==
 
Прашањето за здравјето доминира во теологијата на Вајт. Под нејзино раководство адвентистите продолжиле да основаат институти за здравје и санаториуми во разни делови на [[САД]] и во странство. Во [[1910]] година еден од овие санаториуми во [[Лома Линда]], [[Калифорнија]] ги отворил своите врати како колеџ за лекари - евангелисти. Денес адвентистите раководат со многу болници во земјата. Рестораните во овие институции нудат само вегетаријанска храна (најверните адвентисти се вегетаријанци, а употребата на кафето, чајот и алкохолот е забрането), а болничките пастори нудат духовна утеха, и им даваат упатства на пациентите што се базирани на записите на Елена Г. Вајт. Многу од овие болници го комбинираат традиционалното лекување со програмите за лекување на зависниците од алкохол/дрога, со посебни одделенија за рак, со престојувалиште за патници и сиромаси, училишта за млади и храм.
 
Покрај нивните доктрини што се однесуваат на второто доаѓање и саботата, адвентистите на седмиот ден веруваат дека човекот нема бесмртна душа. Кога еден човеќ ќе почине, едноставно престанува да постои сè до Второто Христово доаѓање, кога Исус ќе им го воскресне телото, и тогаш ќе им даде бесмртна душа. Исто така, тие веруваат во целосното истребување на неправедните (т.е. нема да ги поднесуваат вечните маки).