Адвентисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 10:
 
Милер не бил единствениот пророк во тоа време. На почетокот на [[19 век]] [[Нова Англија]] изобилувала со голем број проповедници, а популарноста на групните собирања им овозможила публика за нивните есхатолошки прогласи. На овие собири религиозното воодушевување преминувало во еуфорија. Околу 200 проповедници му помогнале на Милер во ширењето на неговите гледања и до [[1840]] година ги имало околу 50.000 следбеници кои се нарекувале „''Милеровци''“. Кога Христос не се вратил во текот на предвидената година, Милер ја признал својата грешка, но еден од неговите ученици повторно го „пресметал“ времето на Второто доаѓање за [[22 октомври]] [[1844]] година. Толку било напнато нивното очекување, така што кога дошло „''големото разочарување''“ извесен број милеровци во права смиса на зборот полуделе, а некои дури извршиле и [[самоубиство]], а повеќето едноставно се вратиле на својата претходна конфесионална припадност.
 
Во меѓувреме, [[Џозер Бејтс]], се убедил дека светиот ден во седмицата е саботата, Сабат, и овој ден попрво требало да се слави отколку неделата. Ова наизглед ново учење меѓу протестантите, во суштина било позајмено од баптистите на седмиот ден. Официјално било осудено од умереното крило на милеровците во [[1845]] година, но веќе следната година го ширела помала група под влијание на младата „пророчка“ [[Елен Г. Вајт]]. Елена се омажила за [[Џејмс Вајт]], адвентистички проповедник. Подоцна, имала видение кое ја разработило Едсоновата верзија. Таа објавила дека Господ во [[1844]] год. „''влегол во небескиот храм да ја исчисти земјата од тешкиот грев - осквернување на саботата. Ќе се врати на земјата кога ќе ја заврши оваа задача''“. Оваа венчавка на саботарка со адвентист ја создало основата за организација на посебна гранка милеровци, кои го усвоиле името „''Адвентисти на седмиот ден''“ во [[1860]] година. Основањето на новата верска организација значело признавање на Елена Т. Вајт како боговдахновена пророчка, која била еднаква со пророците на [[Стар Завет|Стариот Завет]]. Навистина, Милер веќе бил повлечен од активното водење на движењето, и за кусо време тоа се пренело на [[Џејмс Вајт]], а особено на неговата сопруга. Таа се смета за основач на адвентизмот на седмиот ден. Спротивно на тврдењето на адвентистите дека веруваат во [[Библија]]та и само во Библијата, токму книгите на госпоѓа Вајт - таа била плоден писател - адвентистите ги сметаат за првенствен и авторитетен коментар на Светото Писмо.