Адвентисти: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 8:
 
Како основач на црквата се смета [[Вилијам Милер]], фармер кој бил роден во Масачусец набрзо по американската револуција. Макар што ја изгубил својата вера во Бога како тинејџер, повторно почнал да верува на 37-годишна возраст. Враќањето кон баптистичката вера на родителите било проследено со интензивно проучување на [[Библијата]]. Неговото интересирање најмногу било насочено на библиското пророштво, содржано во книгите за Данаил и [[Откровение на Јован|Откровението]]. Врз основа на своите интерпретации на извадоците од книгата на пророкот Данаил, Милер во [[1831]] година објавил дека Христос ќе се врати на земјата помеѓу март [[1843]] год. и март [[1844]] год. Иако во тоа време сè уште имало [[Баптизам|баптисти]], Милер отпочнал да собира приврзаници на сопственото гледиште, и ја издал првата адвентистичка публикација, весникот под името „''Знаци на времето''“.
 
Милер не бил единствениот пророк во тоа време. На почетокот на [[19 век]] [[Нова Англија]] изобилувала со голем број проповедници, а популарноста на групните собирања им овозможила публика за нивните есхатолошки прогласи. На овие собири религиозното воодушевување преминувало во еуфорија. Околу 200 проповедници му помогнале на Милер во ширењето на неговите гледања и до [[1840]] година ги имало околу 50.000 следбеници кои се нарекувале „''Милеровци''“. Кога Христос не се вратил во текот на предвидената година, Милер ја признал својата грешка, но еден од неговите ученици повторно го „пресметал“ времето на Второто доаѓање за [[22 октомври]] [[1844]] година. Толку било напнато нивното очекување, така што кога дошло „''големото разочарување''“ извесен број милеровци во права смиса на зборот полуделе, а некои дури извршиле и [[самоубиство]], а повеќето едноставно се вратиле на својата претходна конфесионална припадност.