Света Гора: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 63:
 
Според една легенда, [[Пресвета Богородица]] пловела заедно со [[Свети Јован Богослов]] кон Јопа во [[Кипар]], во посета на [[Свети Лазар]]. Кога бродот со кои пловеле бил истуркан од бурата надвор од курсот, на тогаш паганскиот Атос, тие биле присилени да допрат во близина на пристаништето Клемент, во близина на денешниот манастир Ивирон. Богородица излегла на брегот, и воодушевена од убавината на природата која ја видела таму, ја благословила и го замолила Господ да ја претвори во нејзина градина. Така според преданието се чул глас кој велел: „''Нека ова место биде твое наследство и твоја градина, рај и небо на спасението за сите оние кои го бараат спасението!''“ Од тој момент планината е посветена на Мајката Божја, како нејзина градина, во која не е дозволено да стапне ниту една друга жена.
 
==Историја==
 
Света Гора, како манастирска заедница формално била основана во [[963]] година, кога монахот Атанасиј го основал манастирот Голема Лавра, најголемиот и најзначајниот манастир до ден денес. Манастирот бил заштитен од византискиот император во текот на следните векови. [[Четврта крстоносна војна|Четвртата крстоносна војна]] во [[13 век]] донела нови, римо-католички владетели кои ги присилиле монасите да бараат заштита од [[папа Иноцентиј III]] до обновувањето на [[Византија]]. Исто така, каталонски платеници во [[14 век]] вршеле кражби на Света Гора.
 
Кога во [[15 век]] дошло до конечен крај на [[Византија]], власта над Света Гора ја превзела [[Отоманската империја]]. Од самиот почеток тие наметнале огромни давачки на монасите, но не интервенирале на никаков политички начин. Бројот на монасите и нивното богатство опаѓало во следните векови, но во [[19 век]] Света Гора повторно заживеала, преку поклоничките патувања и доаѓањето на монаси од другите православни земји, при што секоја од нив ја превземала грижата за дел од манастирите. По завршувањето на Првата балканска војна и протерувањето на Турците постоел конфликт помеѓу Русија и Грција околу суверенитетот, за подоцна и формално полуостровот да потпадне под грчка власт по завршувањето на Втората светска војна.
 
Според грчкиот Устав, планината Атос е политичка самоуправа која ја сочинуваат 20 главни манастири (кои од своја страна ја сочинуваат Светата заедница која управува со територијата), а главниот град и админстративниот центар, Кареја, е седиште на гувернерот како претставник на грчката власт. Духовно, Света Гора е под директна јурисдикција на вселенскиот [[патријарх]] од Цариград. Покрај манастирите постоја уште и 12 скитови, помали монашки заедници, како и многу осамени монашки ќелии на целата територија на полуостровот. Сите личности кои го живеат манастирскиот подвиг на таа територија, стануваат грчки државјани без никакви формалности, по нивното монашење. Мирјаните можат да ја посетат Света Гора, но со посебна дозвола и благослов.
 
[[Слика:Xenophontos Monastery.jpg|мини|десно|350п|Манастирот Ксенофонт виден од море]]
Ниту една жена нема пристап на Атос. Дури и животните женки се забранети (освен, како што велат, мачки и кокошки, од чии жолчки - јајца се прават боите кои се користат при иконописот).
 
== Надворешни врски ==