Разлика помеѓу преработките на „Бесправно доселување“

нема опис на уредувањето
 
Во озлогласени шверцери со луѓе спаѓаат бандите „ Снејкхед “,кои се застапени во континентална Кина (особено во Фуџиен) и шверцуваат работна сила во земјите од Пацифичкиот обрач (што ги прави кинеските квартови секојдневни центри на нелегална имиграција) или „ Којотите” кои шверцуваат нелегални имигранти во југозападнен САД и е познато дека злоупотребувале или дури и убивале патници. Понекогаш , доколку се појават тешкотии шверцерите на луѓе ги напуштаат имигрантите и често тие настрадуваат во тој процес, а некои можат да бидат и жртви на намерно убивање.
 
===Престој по истекување на визата===
Некои нелегални имигранти легално влегуваат во една земја и потоа престојуваат откако ќе им истече визата или не го почитуваат рокот на важност на визата. На пример, голем број од проценетите 200 000 нелегални имигранти во Канада (можеби достигнува и до 500 000) се баратели на азил чии барања за азил биле одбиени ,но кои сѐ уште не се протерани од земјата.
 
Начин кој е поврзан со станувањето нелегален имигрант е бирократијата. На пример, на некој може да му се дозволи да остане во една земја или да биде заштитен од протерување ,бидејќи на тој/таа му е потребна посебна пензија за здравствената состојба во која се наоѓа, потоа поради длабока љубов кон жител кој е по потекло од таа земја, или дури и да избегне да му се суди за некое кривично дело во неговата/нејзината родна земја ,ако не е во можност да ја регулира неговата/нејзината ситуација и да добие работа и/или дозвола за престој. Оттука, се создаваат категории на луѓе кои не се ни нелегални ни легални имигранти и кои законски не живеат во „ниту една земја”. Друг пример е кога децата на странците кои се родени во земји кои го почитуваат стекнувањето на државјанството со раѓање на територијата на определена држава (jus soli), како што беше случај во Франција до 1994 година и во Ирска до 2005 година. Во овие земји, постоеше можност да се добие француско или ирско државјанство само доколку си роден во Франција пред 1994 година или во Ирска пред 2005 година. Денес, дете од родители со странско потекло кое е родено во Франција не се здобива автоматски со француско државјанство сè додека не ги исполни условите за времетраењето на престојот. Од 1 јануари 2005 година дете кое е родено во Ирска не се здобива автоматски со ирско државјанство, доколку не исполнува одредени услови.
89

уредувања