Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 83:
 
Некои луѓе биле киднапирани или биле прелажани во ропство за да работат како физички работници, како на пример во фабриките. Оние со кои се тргува на овој начин често се соочуваат со дополнителни препреки за избегнување на ропството , бидејќи нивниот статус на нелегални имигранти им го отежнува пристапот до помош или услуги. На пример жените од Мјанмар тргувани во Тајланд и принудени да работат во фабрики или како проститутки, можеби не го зборуваат јазикот и се изложени на злоупотреба од страна на полицијата поради нивниот статус на нелегални имигранти.
 
===Проституција===
Некои луѓе кои се принудени на сексуално ропство се соочуваат со предизвиците од обвиненијата за нелегална имиграција.
 
По падот на железната завеса , заради проституцијата Западна Европа се соочи со сериозен проблем поврзан со сексуалната експлоатација на нелегалните имигранти (особено оние од Источна Европа).
 
===Смрт===
Секоја година има по неколку стотици нелегални имигранти кои загинуваат на границата помеѓу САД и Мексико. Во текот на жешката летна сезона во пустините во југозападниот дел од САД се јавува смрт поради исцрпеност.
 
==Методи==
===Преминување на границата===
Имигрантите од земји кои немаат директен договор за виза или кои на друг начин не би можеле да се квалификувале за виза , често нелегално ги преминуваат границите во некои области како границата помеѓу САД и Мексико , каналот Мона меѓу Доминиканската Република и Порторико , Гибралтарскиот Проток , Фуертевентура и Протокот Отранто.
Познато е дека оние кои се обидувале да имигрираат се задушувале во транспортни контејнери,товарни вагони и камиони,тонеле во бродоломи предизвикани од бродови кои се непогодни за пловење, умирале од хипотермија за време на долгите патувања без вода. Помеѓу 1998 и 2004 година, според една официјална проценка бројот на загинати при нелегалните преминувања преку границата помеѓу САД и Мексико изнесувал 1 954 загинати.
 
Шверцот со луѓе е практика на посредниците за финансиска добивка да им помагаат на нелегалните имигранти , кои често ги има во големи групи, при преминувањето преку меѓународните граници .Шверцот со луѓе се разликува од , но понекогаш и се поврзува со, трговијата со луѓе. Некој шверцер со луѓе за да добие надомест ќе им го олесни нелегалниот влез на имигрантите во земјата , но по пристигнувањето на нивната дестинација шверцуваното лице најчесто е слободно. Шверцот со луѓе вклучува процес на употреба на физичка сила, измама или залажување за да се придобијат и да се пренесуваат луѓе.
 
Во озлогласени шверцери со луѓе спаѓаат бандите „ Снејкхед “,кои се застапени во континентална Кина (особено во Фуџиен) и шверцуваат работна сила во земјите од Пацифичкиот обрач (што ги прави кинеските квартови секојдневни центри на нелегална имиграција) или „ Којотите” кои шверцуваат нелегални имигранти во југозападнен САД и е познато дека злоупотребувале или дури и убивале патници. Понекогаш , доколку се појават тешкотии шверцерите на луѓе ги напуштаат имигрантите и често тие настрадуваат во тој процес, а некои можат да бидат и жртви на намерно убивање.