Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 75:
 
:''И покрај фактот дека улогата на владата на САД во конфликтот во [[Ел Салвадор]] беше единствена во давањето поддршка за одложување на граѓанскиот конфликт, владата и Службата за имиграција и натурализација во САД (ИНС) изразија мало сочувство за луѓето кои беа погодени од војната. Во осумдесеттите ИНС одобри само 2 % од барањата за политички азил, тврдејќи дека во Ел Салвадор постои демократија и дека извештаите на САД и „ескадроните на смртта” спонзорирани од владата биле претенциозни. Како одговор на она што тие го сметаа за неуспех на владата на САД за решавање на ситуацијата на бегалците од Ел Салвадор во земјата, американските активисти воспоставија слаба мрежа за помош на бегалците. Делувајќи спротивно на американските закони за имиграција, овие активисти примија бегалци во своите домови, им помагаа при патувањето , ги криеја и им помагаа да најдат работа и ова стана познато како „движење за наоѓање засолниште.”''
 
==Опасности==
Со нелегалното влегување во друга земја нелегалните имигранти се изложуваат себеси и ги изложуваат локалните граѓани на опасности. Настрана од тоа што можат да бидат пресретнати и депортирани , познати се и некои значително поопасни последици кои резултираат од нивните активности. Како на пример, нелегалните имигранти можат да бидат подложени на трговија со луѓе за експлоатација.
 
===Ропство===
По крајот на меѓународната легална трговија со робови на Европа и САД во почетокот на 19-ти век , иако на многу пониски нивоа, нелегалниот увоз на робови продолжи понатаму. Иако не толку често колку во Европа, Азија, Африка и Латинска Америка , сепак некои од жените несомнено се шверцувани во САД и Канада.
 
Некои луѓе биле киднапирани или биле прелажани во ропство за да работат како физички работници, како на пример во фабриките. Оние со кои се тргува на овој начин често се соочуваат со дополнителни препреки за избегнување на ропството , бидејќи нивниот статус на нелегални имигранти им го отежнува пристапот до помош или услуги. На пример жените од Мјанмар тргувани во Тајланд и принудени да работат во фабрики или како проститутки, можеби не го зборуваат јазикот и се изложени на злоупотреба од страна на полицијата поради нивниот статус на нелегални имигранти.