Бесправно доселување: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 44:
 
Теоријата на структурната побарувачка тврди дека ваквите случаи покажуваат дека не постои директна конкуренција помеѓу неквалификуваните нелегални имигранти и локалните работници. Ова е концептот поради кој нелегалните имигранти “прифаќаат работни места кои никој друг не би ги прифатил.” Меси тврди дека ова има одредени последици за политиката, како на пример може да ги отфрли тврдењата дека нелегалните имигранти ги “намалуваат платите” и дека им ги крадат работните места на локалните работници.
 
====Сиромаштија====
Иако економските модели го испитуваат релативното богатството и приходот помеѓу матичните земји и земјите-дестинации, тие не мора неопходно да подразбираат дека нелегалните мигранти се секогаш осиромашени од стандардите на матичната земја. Кај најсиромашните слоеви во земјите во развој може да се појави недостаток од ресурси кои им се потребни за да се обидат да преминат нелегално или да ги одржат врските со пријателите или семејството во земјата-дестинација. Истражувањата на центарот “Пју” покажаа дека нивоата на образование и плата кај нелегалните мексикански имигранти во САД се наоѓаат околу средината за Мексико , а роднините кои емигрирале или водат потекло од заедница со многу емигранти се многу поголем показател за нечиј избор да емигрира.
 
Други примери покажуваат дека порастот на сиромаштијата , особено кога е поврзана со непосредна криза, може да ја зголеми можноста за нелегална миграција. Економската криза во Мексико од 1994 година , која настапи по започнувањето на Северноамериканскиот договор за слободна трговија (НАФТА), беше поврзана со распространувањето на сиромаштијата и пониското вреднување на пезото во однос на доларот. Исто така таа го означи почетокот на масивниот бран на емиграција во Мексико, во кој нето нелегалната миграција во САД секоја година се зголемуваше почнувајќи од средината на осумдесеттите па се до средината на првата декада од 21 век.
 
Исто така, постојат примери каде што природните непогоди и пренаселеноста можат да го зголемат приливот на миграции предизвикани од сиромаштијата.