Разлика помеѓу преработките на „Бесправно доселување“

Додадени 8.257 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
 
Како што може да се види од долгорочната заемна врска на релативните плати/вработувања и нелегалната имиграција од Мексико во САД, големите економски докази ја поддржуваат неокласичната теорија . Меѓутоа, научниците за имиграција како Гордон Хансон (Gordon Hanson) и Даглас Меси (Douglas Massey) го критикуваа моделот, бидејќи бил премногу едноставен и не ги земал предвид контрадикторните докази , како што е ниската нето нелегална имиграција од Мексико во САД во периодот пред осумдесеттите и покрај значајниот економски дебаланс.
 
====Либерализација на трговијата====
Во последниве години земјите во развој ги следат придобивките од глобализацијата со тоа што се залагаат за нејзино намалување со цел да ја либерализираат трговијата. Но, брзото отворање на домашни пазари може да доведе до раселување на голем број земјоделци или неквалификувани работници ,за кои постои поголема веројатност преку нелегална имиграција да бараат вработување и повисок квалитет на живеење. Ова е најчесто наведуван аргумент за да се објасни како Северноамериканската асоцијација за слободна трговија може да ги осиромаши земјоделците во Мексико кои не биле во можност да се натпреваруваат со повисоката продуктивност на субвенционираното земјоделство на САД , особено во однос на производството на пченка. Исто така НАФТА можеби неочекувано ги подобрила условите за образование за работните места во индустријата во Мексико , откако новите текстилни фабрики ориентирани кон извоз (maquiladora) произведоа производи за извоз за кои се потребни вештини и образование , што голем број работници го немаа.
 
====Структурна побарувачка во развиените земји====
Даглас Меси тврди дека во развиените земји разгранетиот пазар на трудот создава структурна побарувачка со цел неквалификуваните имигранти да ги пополнат оние работни места кои не се барани и кои граѓаните кои се родени во таа земја не ги прифаќаат, независно од висината на платите. Оваа теорија тврди дека постиндустриските економии имаат се поширок јаз помеѓу доброплатените , канцелариски работни места за кои се потребни се повисоки нивоа на образование и “човечки капитал” , за кои домородните граѓани и нелегалните имигранти можат да се квалификуваат да ги земат, како и работните места за лица со ниски квалификации кои се обележани и за кои не е потребно образование. Овие работни места кои се сметаат за „поткласа“ вклучуваат собирање на жетвата , неквалификувана работна сила во уредување на земјиште и градежништво, чистење куќи и работење како чистачка и помошник келнер во хотели и ресторани, секаде онаму каде што има непропорционален број нелегални работници.
 
Најголемиот дел од новите работни места на работничката класа се “поткласна” работа која ја споменавме погоре, што страда од несигурност (односно привремените работни места наспроти работа во фабрика), подредени улоги и недостаток од потенцијал за напредување. Во исто време , многу попривлечни се приправничките работни места и работните места во услужниот сектор . Овие им нудат можности за напредување на домородните работници со цел да влезат во доминантната образована класа , па дури и ако сега плаќаат исто или помалку од работната сила.
 
Оттука, оваа теорија тврди дека во една развиена земја како што е САД , каде што денес само 12 % од работната сила е само со завршено основно образование, постои недостаток од домородни работници кои немаат друг избор освен да прифатат да работат мануелна работа која не ја посакуваат. Од друга страна, нелегалните имигранти имаат многу пониско образование (околу 70 % од нелегалните работници кои од Мексико дошле во САД немаат завршено средно училиште). Тие сѐ уште сакаат да прифатат работни места кои се сметаат за „поткласа “,поради многу повисоките релативни плати отколку оние во нивната родна земја. Недостатокот од можност за напредување не им претставува проблем на нелегалните имигранти, бидејќи тие често очекуваат само привремено да работат во земјата-дестинација. Доказ за ова може да се види во една анкета на Центарот за истражување “Пју” извршена врз повеќе од 3 000 нелегални имигранти кои имигрирале од Мексико во САД , која покажа дека 79% доброволно би се приклучиле кон програма за привремена работа која би им овозможила легално да работат неколку години ,но која потоа ќе им наложи да заминат.
 
Теоријата на структурна побарувачка претпоставува дека волјата да се работи на непосакувано работно место ,отколку да се работи за вообичаените ниски плати е она што им овозможува на нелегалните имигранти да најдат работа.
 
Теоријата на структурната побарувачка тврди дека ваквите случаи покажуваат дека не постои директна конкуренција помеѓу неквалификуваните нелегални имигранти и локалните работници. Ова е концептот поради кој нелегалните имигранти “прифаќаат работни места кои никој друг не би ги прифатил.” Меси тврди дека ова има одредени последици за политиката, како на пример може да ги отфрли тврдењата дека нелегалните имигранти ги “намалуваат платите” и дека им ги крадат работните места на локалните работници.
89

уредувања