Разлика помеѓу преработките на „Бесправно доселување“

Додадени 5.340 бајти ,  пред 10 години
нема опис на уредувањето
(Создадена страница со: {{во изработкa}} ==Терминологија== Со '''нелегалната имиграција''' се опишуваат луѓето ко...)
 
*Имигрант/мигрант/странец/работник/жител кој не е натурализиран
*Бегалци кои се обидуваат да избегаат со чамец од својата родна земја во други земји т.н.“boat people“
 
==Причини==
==Економија и пазари на трудот==
Иако постојат други причини кои се поврзуваат со посиромашните земји (опишано подолу),најчестата мотивација за нелегалните имигранти е потрагата по поголеми економски можности и квалитет на живеење во земјата-дестинација.
Според основната причина за трошок/корист за нелегална имиграција, потенцијалните имигранти сметаат дека веројатноста и придобивките од успешното мигрирање во земјата-дестинација се поголеми од трошоците. Овие трошоци можат да вклучат ограничувања на живеењето како нелегален имигрант во земјата-дестинација, оставајќи ги зад себе семејството и начинот на живеење , како и веројатноста дека можат да бидат фатени и санкциите кои произлегуваат од тоа. Предложените економски модели, кои се засноваат на рамката на трошок/корист, имаат различни размислувања и степени на сложеност.
 
====Неокласичен модел====
Неокласичниот економски модел само ја разгледува веројатноста за успех при имигрирањето и наоѓањето работа, како и порастот на реалниот доход кој може да го очекува еден нелегален имигрант. Ова обајснување ги зема предвид економиите на двете земји , вклучувајќи колку од “факторите на привлекување” има земјата-дестинација во однос на подобро платени работни места и подобрувања во квалитетот на живеење. Исто така ги опишува и “факторите на одбивање” кои произлегуваат од негативните состојби во родната земја, како што се недостаток од вработувања или економска мобилност.
 
Исто така , неокласичната теорија ја зема предвид веројатноста за успешна нелегална емиграција. Факторите кои влијаат на ова се географската близина, граничната полиција, веројатноста и последиците од апсењето, олеснување на нелегалното вработување и можности за и легализација во иднина. Овој модел доаѓа до заклучок дека во земјата-дестинација нелегалните работници се стремат кон тоа да се вклучат и да се натпреваруваат со масата неквалификувани работници. Во овој модел нелегалните работници се успешни во наоѓањето работно место, со тоа што се подготвени да добиваат пониски плати отколку луѓето кои се родени во таа земја ,понекогаш и под минималната плата. Економистот Џорџ Борјас (George Borjas) ги поддржува гледиштата на овој модел , сметајќи дека реалните плати на работниците во САД кои немаат завршено средно училиште поради конкурентноста на нелегалните имигранти се намалија до 9 % од 1980 до 2000 година.
 
Како што може да се види од долгорочната заемна врска на релативните плати/вработувања и нелегалната имиграција од Мексико во САД, големите економски докази ја поддржуваат неокласичната теорија . Меѓутоа, научниците за имиграција како Гордон Хансон (Gordon Hanson) и Даглас Меси (Douglas Massey) го критикуваа моделот, бидејќи бил премногу едноставен и не ги земал предвид контрадикторните докази , како што е ниската нето нелегална имиграција од Мексико во САД во периодот пред осумдесеттите и покрај значајниот економски дебаланс.
89

уредувања