Корисник:Marina.mickovska/Имиграција: Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 66:
Индексот за заложби за развој ги рангира 22-те најбогати земји во светот според нивната имиграциска политика и отвореноста кон мигрантите и бегалците од најсиромашните земји.
 
===АвстралијаАзија===
====Израел====
Имиграцијата на Евреите во [[Палестина]] во текот на 19 век беше промовирана од австро-унгарскиот новинар Теодор Херцл (Theodor Herzl) кон крајот на 19 век, по објавувањето на книгата ” Еврејската држава .“ Неговото ционистичко движење се обидуваше да ја охрабри миграцијата на Евреите, или имиграцијата кон Палестина. Неговите поборници на неговата цел гледаат како на самоопределување за еврејскиот народ. Со создавањето на ционистичкото движење
,процентот на Евреите во светот кои живеат во поранешниот британски мандат во Палестина од првичните 25 000 Евреи постојано растеше. Денес, околу 40 % од Евреите во светот живеат во Израел , повеќе отколку во која било друга земја. Израелскиот Закон за враќање на Евреите , донесен во 1950 година, им дава право на оние кои се родени Евреи, (оние кои имаат мајка или баба Еврејка), оние со еврејско потекло (оние кои имаат татко или дедо Евреин) и оние кои го прифатиле Јудаизмот (од православна, реформистичка или конзервативна вероисповед , но не од секуларизам, иако преобратувањето од реформисти и конзервативци мора да се направи надвор од земјата , што е слично со граѓанските бракови), да имигрираат во Израел. Амандманот на законот од 1970 година, ги прошири правата на имиграција на “детето и внукот на Евреинот, брачниот другар на Евреинот, брачниот другар на детето на Евреинот и брачниот другар на внукот на Евреинот.” Од деведесеттите години, над милион Евреи од поранешниот Советски Сојуз имигрираа во Израел, а голем број од Евреите од Етиопија со воздушен мост беа пренесени во Израел во “операцијата Мојсеј”. Во последниве години , над 16 000 баратели на азил од Африка влегоа во Израел. Во 1991 година, Израел им помогна на 14 000 имигранти од Етиопија да пристигнат како дел од операцијата “Соломон”.
 
====Јапонија====
Вкупното ниво на имиграција во [[Австралија]] значително се зголеми во текот на последната деценија. Нето миграцијата во странство се зголеми од 30 000 во 1993 година на 118 000 во 2003/04 година. Најголемите компоненти на имиграција се миграцијата на квалификуваната работна сила и програмите за повторно соединување на семејството. Во последниве години, задолжителниот притвор на оние кои нелегално доаѓаат со чамец предизвика контроверзност. Во текот на 2004 и 2005 година , вкупно 123 424 лица имигрираа во Австралија. Од нив 17 734 беа од Африка, 54 804 од Азија , 21 131 од [[Океанија]], 18 220 од Обединетото Кралство , 1 506 од Јужна Америка и 2 369 од Источна Европа. Во 2005 и 2006 година во Австралија мигрираа 131 000 лица и во 2006 и 2007 година бројот на луѓе кои мигрирале изнесуваше 144 000.
[[File:Shibuya night.jpg|thumb|190px|Од сите индустријализирани земји во светот Јапонија има најхомогено население, поради строгата контрола која ја има врз имиграцијата.]]
Во почетокот на деведесеттите, за да се надомести недостатокот од работна сила [[Јапонија]] ги ублажи прилично строгите закони за имиграција за да им овозможи специјални дозволи за влез на странци со јапонско потекло кои живеат во Јужна Америка. Според јапонскиот центар за имиграција , бројот на странски жители во Јапонија постојано се зголемуваше , а бројот на странски жители (вклучувајќи ги постојаните жители , но со исклучок на нелегалните имигранти и краткорочните посетители како што се странските државјани кои престојуваат во Јапонија помалку од 90 денови ) во 2008 година изнесуваше 2,2 милиони. Најголеми групи се Корејците ( јужни и северни), Кинезите (вклучувајќи ги Народна Република Кина, Тајван , Хонг Конг , Макао) и Бразилците ( најголем дел од Бразилците во Јапонија имаат јапонско потекло , поради огромната имиграција на Јапонци кон Бразил во првите децении од 20-тиот век). Веднаш по Втората светска војна, во минатото најголемиот број Корејци во Јапонија беа регрутирани како принудна работна сила за време на војната.
 
Од имигрантите , Јапонија годишно, преку натурализација, прифаќа постојан прилив од 15 000 нови јапонски граѓани. Навистина, според статистиките на Јапонците концептот на етничките групи се разликува од етничкиот попис на Северна Америка или некои западноевропски статистики. На пример, во пописниот формулар на Обединетото Кралство има прашање за етничката или расната припадност која го сочинува населението на Обединетото Кралство, без оглед на нивната националност. Меѓутоа, Заводот за статистика на Јапонија сè уште го нема ова прашање, бидејќи пописот на населението во Јапонија обрнува внимание на националноста на луѓето , а не на нивната етничка припадност, а натурализираните јапонски граѓани и јапонски државјани кои имаат мултиетничка припадност во пописот на населението во Јапонија се сметаат за етнички Јапонци.
===Канада===
Водена од економската политика и повторното обединување на семејството Канада има највисока нето стапка на имиграција по жител во светот и во 2010 година планира меѓу 240 000 и 265 000 нови постојани жители. Во 2001 година во Канада имигрирале 250 640 луѓе. Новодојдените главно се населуваат во големите урбани средини на Торонто, Ванкувер и Монтреал. Од деведесеттите , мнозинството од имигрантите во Канада доаѓаа од Азија. Водечки земји на емиграција во Канада се Кина, Филипините и Индија. Во Канада, доколку некого го обвинат за расизам најчесто се смета за сериозна навреда.Денес, сите политички партии се претпазливи кога го критикуваат високото ниво на имиграција бидејќи, како што се наведува во канадскиот весник “ Глоуб енд Мејл” (Globe & Mail), во раните деведесетти години старата реформска партија на Канада беше обележана како “расистичка” бидејќи предложила намалување на нивото на имиграција од 250 000 на 150 000 имигранти.
 
Исто така, според Јапонското здружение на бегалци (или скратено ЈАР) од 2009 година бројот на бегалците кои поднеле барања за да живеат во Јапонија брзо се зголеми, а во 2008 година имаше повеќе од илјада барања од целиот свет , кои бараа да добијат статус на бегалци за да живеат во Јапонија. Меѓутоа, политиката за бегалци на јапонската влада беше критикувана во земјата и на меѓународно ниво, бидејќи бројот на бегалците во Јапонија е сè уште мал во споредба со земјите како Канада во Северна Америка или Франција во Западна Европа. На пример, според Канцеларијата на високиот комесаријат за бегалци на Обединетите нации (УНХЦР), во 1999 година Јапонија прифати 16 бегалци за населување, додека САД прифати 85 010, а Нов Зеланд ,кој е помал од Јапонија, прифати 1 140 бегалци. Помеѓу 1981 година, кога Јапонија ја ратификуваше Конвенцијата за бегалци на ОН, и 2002 година Јапонија призна за бегалци само 305 лица.
===Европа===
 
===Европа===
Според Статистичкиот завод на европските заедници (Евростат), денес некои земји- членки на ЕУ примаат голем број имигранти, како на пример Шпанија , во која во текот на изминатите 5 години економијата отвори повеќе работни места од сите други ЕУ држави заедно. Во 2005 година, од меѓународната миграција ЕУ имаше целокупна нето добивка од плус 1,8 милиони луѓе. Ова изнесува речиси 85 % од вкупниот пораст на населението во Европа во 2005 година. Во 2004 година , вкупно 140 033 луѓе имигрирале во Франција, од кои 90 250 биле од Африка и 13 710 од Европа. Во 2005 година, имиграцијата се намали на 135 890 имигранти. Емиграцијата на Британците во Јужна Европа е од особена важност. Граѓаните на Европската унија сочинуваат голем дел од имигрантите во Шпанија. Тие претежно доаѓаат од земји како Велика Британија и Германија, но британскиот случај е особено интересен поради неговите размери.
Британските власти проценуваат дека британското население во Шпанија изнесува 700 000 имигранти. Среднорочните и долгорочните демографски податоци на ЕУ укажуваат на недостаток од квалификувана работна сила до степен кој би го загрозил економскиот пораст и стабилноста на голем број индустрии. Поради оваа причина во 2009 година Европската унија започна иницијатива наречена “Сина карта” на ЕУ. Сината карта на ЕУ првично била наменета за привремен престој и работна дозвола. Меѓутоа таа ќе им понуди можност на лицата кои ја поседуваат оваа карта да аплицираат за постојана дозвола за престој, откако непрекинато ќе работат две до пет години за да се здобијат со Сината карта на ЕУ, во зависност од поединечните прописи на секоја земја- членка. Во наредните години, земјите- членки на ЕУ постепено ќе ги прифаќаат барањата за Сина карта на ЕУ. Во процесот на аплицирање, од особено голема важност е да се има склучен договор за работа со организација која е дел од ЕУ. Во јануари 2010 година, за да се поедностави ова барање Европската комисија започна база на податоци на Сината карта на ЕУ.
 
====Италија====
Денес, Италија има околу 5 до 6 милиони имигранти или околу 9 % од населението. По проширувањето на Европската унија, најновиот бран на миграција настана од страна на околните европски земји , особено Источна Европа, а се повеќе и од Азија, која ја замени Северна Африка како најголема област подложена на имиграции. Околу 997 000 Романци официјално се регистрирани дека живеат во Италија, заменувајќи ги Албанците (590 000) и Мароканците (445 000) како најголема етничка малцинска група, но независните проценки велат дека вистинската бројка на Романци e двојно поголема или можеби и повеќе од тоа. Други имигранти од Централноисточна Европа се Украинците (260 000), Полјаците (120 000), Молдавците (190 000), Македонците (100 000), Србите (75 000), Бугарите (124 000), Босанците (40 000), Русите (45 600), Хрватите (25 000) , Словаците (9 000) и Унгарците (8 600). Почнувајќи од 2009 година, потеклото на странското население во Италија е поделено на следниов начин : Европа (53,5%), Африка (22,3%), Азија (15 ,8 %), Америка (8,1%) и Океанија (0,06%). Распределбата на странското население во Италија е во голема мера нееднакво : 80% од имигрантите живеат во северните и централните делови од земјата (во економски најразвиените области) , додека само 20 % живеат во јужниот дел на полуостровот. Во 2008 година, нето имиграцијата во Италија изнесуваше 438 000 имигранти.
 
====Норвешка====
[[File:Diversity of youth in Oslo Norway.jpg|thumb|220px|Младите во [[Осло]]. Најголемиот број имигранти живеат во поголемите градови. Во Осло, повеќе од 27 % од жителите имаат имигрантско потекло.]]
Во последниве години, на имиграцијата ѝ се припишува порастот на повеќе од половина од населението во [[Норвешка]]. Во 2006 година, Бирото за статистика во Норвешка (ССБ) пресмета рекордни 45 800 имигранти кои се доселиле во Норвешка, што е 30 % повеќе од 2005 година.
На почетокот на 2007 година во Норвешка имаше 415 300 лица со имигрантско потекло (односно имигранти, или чии родители биле имигранти), кои сочинуваа 8,3 %од вкупното население.
 
====Португалија====
[[Португалија]] е земја која долго време беше подложена на емиграција и која создаде големи португалски заедници во Франција, САД и Бразил,а денес стана земја на нето имиграција,но не само од поранешните колонии, туку до крајот на 2003 година , законските бегалци и имигранти сочинуваа околу 4 % од населението и најголемите заедници потекнуваа од Републиката Зелен `Рт, Бразил, Ангола, Гвинеја-Бисау, Обединетото Кралство , Шпанија и Украина.
 
====Шпанија====
[[Шпанија]] е најпосакуваната европска дестинација за Британците кои го напуштаат Обединетото Кралство. Од 2000 година, Шпанија прифати повеќе од три милиони имигранти, со што го зголеми бројот на своето население на речиси 10 %. Бројот на населението кое имигрира сега надминува повеќе од 4,5 милиони. Според податоците за дозвола за престој за 2005 година, околу 500 000 беа Мароканци, други 500 000 беа Еквадорци , повеќе од 200 000 беа Романци и 260 000 беа Колумбијци.Само во 2005 година програмата за регулација го зголеми бројот на легални имигранти до 700 000 лица.
 
====Шведска====
Имиграцијата е главен извор на пораст на населението и културните промени низ голем дел од историјата на [[Шведска]]. Економските, социјалните и политичките аспекти на имиграцијата предизвикаа дискусии во однос на етничката припадност, економските придобивки , работните места за оние кои не се имигранти, образец на населување, влијание врз нагорната општествена мобилност, криминал и однесувањето на гласачите.
 
Во Шведска не постојат прецизни бројки за вкупниот број лица со имигрантско потекло, бидејќи шведската влада не заснова ниту една статистика врз етничката припадност.
Од 2010 година, сепак 1,33 милиони лица или 14,3% од жителите во Шведска се странци. По крајот на Првата светска војна Шведска беше трансформирана од земја на емиграција во земја на имиграција почнувајќи од Втората светска војна па се до денес. Во 2009 година, имиграцијата го достигна своето највисоко ниво откако започна да се води евиденција, така што 102 208 луѓе емигрирале кон Шведска.
Во 2010 година 32 000 луѓе поднеле барање за азил во Шведска, што претставува пораст од 25 % од 2009 година, што е најголем износ во историјата на Шведска. Во 2009 година, по Кипар и Малта, Шведска беше на четврто место во ЕУ по најголем број барања за азил и најголем број по глава на жител. Имигрантите во Шведска најмногу се концентрирани во градските средини на Свеаланд и Геталанд и најголемиот број странци во Шведска доаѓаат од Финска, бившите југословенски републики, Ирак, Полска и Иран.
 
====Обединето Кралство====
[[Image:Ridley road market dalston 1.jpg|thumb|right|200px|[[Лондон]] стана мултикултурен град главно под влијание на имигрантите. Во Лондон, во државните училишта, децата од црна и жолта раса се повеќе од британските, бели деца, во однос шест спрема четири]]
Во 2007 година нето имиграцијата во [[Обединето Кралство|Обединетото Кралство]] изнесуваше 237 000 имигранти,што претставува пораст од 46 000 во однос на 2006 година. Во 2004 година бројот на оние лица кои станале британски граѓани се зголеми на рекордни 140 795, што претставува пораст од 12 % во однос на претходната година. Од 2000 година оваа бројка драматично се зголеми. Во пописот од 2001 година , граѓаните од Република Ирска беа и се најголемата група на странско население за последните 200 години. Оваа бројка не ги вклучува оние од Северна Ирска кои се населиле во Британија. Оние кои имаат ирско потекло бројат околу 6 милиони имигранти од првата, втората и третата генерација. Најголемиот дел од новите граѓани доаѓаат од Азија (40%) и Африка (32%), а најголемите три групи се луѓе од Пакистан, Индија и Сомалија.
 
Во 2005 година, околу 565 000 мигранти се преселиле во Обединетото Кралство за период од најмалку една година, а поголемиот дел од мигрантите беа од Азија (особено од Индискиот потконтинент) и Африка, додека 380 000 емигрирале од Обединетото Кралство на една или повеќе години во најпознатите дестинации во Австралија, Шпанија и Франција. По пристапувањето на Полска кон ЕУ во мај 2004 година беше проценето дека на почетокот на 2007 година, 375 000 Полјаци се регистрирале за работа во Обединетото Кралство, иако се сметаше дека полското население во Обединетото Кралство изнесува 500 000. Многу Полјаци работат сезонска работа и голем број од нив веројатно со текот на времето ќе се вратат назад и повторно ќе заминат во Обединетото Кралство. Голем број мигранти заминаа по светската економска криза од 2008 година, која беше проследена со девалвација на фунтата. Од март 2011 година министер за имиграција во Обединетото Кралство стана Дамиан Грин (Damian Green).
 
===Северна Америка===
====Канада====
[[File:Chinatown toronto spadina avenue.JPG|thumb|Кинески кварт во центарот на [[Торонто]], [[Онтарио]]. Во март 2005 година, Статистичката служба на Канада предвидува дека до 2012 година населението што претставува малцинство ќе го сочинува мнозинството во Торонто и Ванкувер.]]
Водена од економската политика и повторното обединување на семејството Канада има највисока нето стапка на имиграција по жител во светот и во 2010 година планира меѓу 240 000 и 265 000 нови постојани жители. Во 2001 година во Канада имигрирале 250 640 луѓе. Новодојдените главно се населуваат во големите урбани средини на Торонто, Ванкувер и Монтреал. Од деведесеттите , мнозинството од имигрантите во Канада доаѓаа од Азија. Водечки земји на емиграција во Канада се Кина, Филипините и Индија. Во Канада, доколку некого го обвинат за расизам најчесто се смета за сериозна навреда.Денес, сите политички партии се претпазливи кога го критикуваат високото ниво на имиграција бидејќи, како што се наведува во канадскиот весник “ Глоуб енд Мејл” (Globe & Mail), во раните деведесетти години старата реформска партија на Канада беше обележана како “расистичка” бидејќи предложила намалување на нивото на имиграција од 250 000 на 150 000 имигранти.
 
====САД====
[[File:Bundesarchiv Bild 137-050127, USA, Deutsche Einwandererfamilie.jpg|thumb|Германско имигрантско семејство во САД, 1930 година.]]
Историчарите проценуваат дека помалку од 1 милион имигранти- можеби само 400 000- го преминале Атлантикот за време на 17 и 18 век. Во 18 век релативно малку имигранти се доселиле од Англија : само 80 000 имигранти се доселиле помеѓу 1700 и 1775 година, споредено со 350 000 имигранти кои се доселиле за време на 17 век. Освен тоа, помеѓу 17 и 19 век, околу 645 000 Африканци беа донесени на територијата на денешен [[САД]]. Во почетоците на САД имиграцијата изнесуваше помалку од 8 000 луѓе годишно. По 1820 година, имиграцијата постепено растеше. Од 1850 до 1930 година странското население од САД се зголеми од 2,2 милиони на 14,2 милиони имигранти. Во САД , во овој период имаше највисок процент на странци, што во 1890 година го достигна својот врв со 14,7 % . Во текот на овој период, пониските трошоци за патување преку Атлантскиот Океан во однос на времето и цената на превозот го направија преселувањето на имигрантите во САД поповолно отколку во претходните години. Од 1880 до 1924 година, над 25 милиони Европејци мигрираа во САД. По овој период имиграцијата се намали, бидејќи во 1924 година Конгресот го донесе Актот за ограничување на имиграцијата од 1924 година, што беше во прилог на земјите кои се извор на имиграција и кои до 1980 година веќе имале голем број имигранти во САД. Моделите на имиграција од триесеттите години беа доминирани од Големата криза и во почетокот на триесеттите години поголем број луѓе емигрираа отколку што имигрираа во САД. Во текот на четириесеттите и педесеттите години имиграцијата продолжи да се намалува, но потоа повторно се зголеми.
 
Амандманите на законот за имиграција и националност од 1965 година (Hart-Celler Act) ги отстранија ограничувањата на големите сегменти на приливот на имигранти и се зголеми легалната имиграција во САД. Во 2006 година бројот на имигранти достигна рекордни 37,5 милиони. По 2000 година, имиграцијата во САД изнесуваше околу 1,000,000 имигранти годишно. И покрај построгиот граничен надзор по 9/11, од 2000 до 2005 година околу 8 милиони имигранти се населија во САД -повеќе отколку во кој било друг период од 5 години во историјата на земјата. Речиси половина влегоа нелегално. Во 2006 година 1, 27 милиони имигранти добија легален престој. Повеќе од 2 децении, Мексико беше водечки извор на нови жители во САД и од 1998 година Кина, Индија и Филипините секоја година се наоѓаа меѓу првите четири земји кои испраќаа имигранти во САД. САД често се нарекува “мешавина од раси и идеи” (што потекнува од Карл Н. Деџлер, историчар и автор на делото “Од нашето минато” , (Carl N. Degler, “Out of our Past”)) и е назив кој потекнува од богатата традиција на имигранти во Соединетите Американски Држави, кои доаѓале во САД во потрага по нешто подобро и ги мешале и приклучувале своите култури кон структурата на земјата.
 
Назначена од претседателот [[Бил Клинтон|Клинтон]], Комисијата за имиграциски реформи во САД, управувана од Барбара Џордан, повика на намалување на легалната имиграција на околу 550 000 имигранти годишно. Од 11 септември, 2001 година политиката на имиграција станала исклучително жешко прашање и била главна тема за време на изборниот циклус од 2008 година.
 
Во 2009 година, бројот на странските државјани кои станале законски постојани жители на САД, како резултат на процесот на повторно обединување на семејството (66%), ги надминаа оние кои станаа законски постојани жители врз основа на вештините за вработување (13%) и поради хуманитарни причини (17%). Од Втората светска војна поголем број бегалци си најдоа свој дом во САД отколку во која било друга земја и од 1980 година повеќе од 2 милиони бегалци се доселија во САД. Меѓу првите десет земји кои во 2006 година прифатиле раселени бегалци, САД прифатила двојно повеќе отколку сите девет земји заедно.
 
===Океанија===
====Австралија====
Вкупното ниво на имиграција во [[Австралија]] значително се зголеми во текот на последната деценија. Нето миграцијата во странство се зголеми од 30 000 во 1993 година на 118 000 во 2003/04 година. Најголемите компоненти на имиграција се миграцијата на квалификуваната работна сила и програмите за повторно соединување на семејството. Во последниве години, задолжителниот притвор на оние кои нелегално доаѓаат со чамец предизвика контроверзност. Во текот на 2004 и 2005 година , вкупно 123 424 лица имигрираа во Австралија. Од нив 17 734 беа од Африка, 54 804 од Азија , 21 131 од [[Океанија]], 18 220 од Обединетото Кралство , 1 506 од Јужна Америка и 2 369 од Источна Европа. Во 2005 и 2006 година во Австралија мигрираа 131 000 лица и во 2006 и 2007 година бројот на луѓе кои мигрирале изнесуваше 144 000.
 
====Нов Зеланд====
[[Нов Зеланд]] има релативно отворена политика за имиграција. 23% од населението е родено во странство, главно во Азија, Океанија и Обединетото Кралство, што претставува една од најголемите стапки на имиграција во светот. Од 2009 до 2010 година , “Имиграција Нов Зеланд “ (Immigration New Zealand ) постави цел од 45 000 ± 5000 имигранти.
 
==Економски ефекти==
Институтот Катон утврди дека имиграцијата има мало или дека воопшто нема никакво влијание врз доходот на локалното население. Институтот Брукингс утврдил дека како резултат на имиграцијата во периодот од 1980 до 2007 година платите се намалиле за 2,3 % . Центарот за истражување на имиграцијата утврдил дека во периодот од 1980 до 2000 година како резултат на имиграцијата платите се намалиле за 3,7 %.
 
Според Европскиот центар за следење на расизмот и ксенофобијата (ЕУМЦ),” во Европа 28 % од странците кои се на возраст помеѓу 25 и 49 години не можат да најдат работа, а стапките на невработеност се високи 35 % кај Турците и Пакистанците и 60 % кај неодамнешните групи имигранти како Сомалијците.”
===Италија===
Денес, Италија има околу 5 до 6 милиони имигранти или околу 9 % од населението. По проширувањето на Европската унија, најновиот бран на миграција настана од страна на околните европски земји , особено Источна Европа, а се повеќе и од Азија, која ја замени Северна Африка како најголема област подложена на имиграции. Околу 997 000 Романци официјално се регистрирани дека живеат во Италија, заменувајќи ги Албанците (590 000) и Мароканците (445 000) како најголема етничка малцинска група, но независните проценки велат дека вистинската бројка на Романци e двојно поголема или можеби и повеќе од тоа. Други имигранти од Централноисточна Европа се Украинците (260 000), Полјаците (120 000), Молдавците (190 000), Македонците (100 000), Србите (75 000), Бугарите (124 000), Босанците (40 000), Русите (45 600), Хрватите (25 000) , Словаците (9 000) и Унгарците (8 600). Почнувајќи од 2009 година, потеклото на странското население во Италија е поделено на следниов начин : Европа (53,5%), Африка (22,3%), Азија (15 ,8 %), Америка (8,1%) и Океанија (0,06%). Распределбата на странското население во Италија е во голема мера нееднакво : 80% од имигрантите живеат во северните и централните делови од земјата (во економски најразвиените области) , додека само 20 % живеат во јужниот дел на полуостровот. Во 2008 година, нето имиграцијата во Италија изнесуваше 438 000 имигранти.