Семејство (биологија): Разлика помеѓу преработките

таксономски ранг
Избришана содржина Додадена содржина
Создадена страница со: {{биолошка класификација}} Во биолошката класификација на ...
(нема разлика)

Преработка од 08:55, 15 мај 2011

Во биолошката класификација на организмите, фамилија (од латински: familia) или семејство е таксономски ранг и таксон. Други застапени рангови се животот (живиот свет), доменот, царството, коленото, класата, редот, родот и видот. Фамилијата е сместена помеѓу редот и родот и има свој подранг, наречен потфамилија.

Разните нивоа на системот на научна класификација.ЖивотДоменЦарствоКоленоКласаРедСемејствоРодВид
Разните нивоа на системот на научна класификација.

Зголеми
Зголеми
Хиерархијата на осумте главни таксономски рангови во биолошката класификација. Поситните меѓурангови не се прикажани.

На пример, оревот и хикоријата припаѓаат на фамилијата Оревоцветни (Juglandaceae).

Определувањето на членовите на фамилиите е работа на таксономите. Честопати се поставува прашањето дали воопшто да се признае некоја фамилија. Во голем број случаи таксономите не го делат истото мислење. Бидејќи не постојат строго утврдени правила што мора да се следат при опишувањето или признавањето на фамилиите, некои таксони се признаени насекаде, додека пак други наоѓаат поддршка мошне ретко.

Примена

Фамилиите се корисни во еволутивните, палеонтолошките и родовите изучувања бидејќи се постабилни од нижите таксони како родот и видот.[1][2]

Поврзано

Наводи