Маргарита Тјудор: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
нс
 
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Маргарита''' ({{роден на|28|ноември|1489}} - {{починал на|18|октомври|1541}}) била англиска принцеза и кралица на Шкотска како сопруга на шкотскиот крал Јаков IV.
 
Маргарита била родена во Ричмондската палата во Лондон како најголема ќерка на англискиот крал Хенри VII и неговата сопруга Елизабета од Јорк. Според договорот од 1502 година помеѓу Англија и Шкотска, Маргарита во 1503 година била венчена со шкотскиот крал во Единбург. По смртта на нејзиниот татко, на англискиот престол застанал нејзиниот брат Хенри VIII. Во текот на ова владеење, односите помеѓу двете кралства значително се влошиле. Хенри долго време немал машки потомок кој би го наследил на тронот. По ова, Маргарита станала потенцијален престолонаследник на англискиот трон. Таа постојано го обедувала на својот сопруг да не војува со Англија, но во 1513 година тој ја нападнал Англија и на бојното поле починал.