Елизабета Јоршка: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 3:
== Рани години ==
 
Елизабета била родена во [[Вестминстер]], како прво дете на англискиот крал Едвард IV и неговата сопруга [[Елизабета Вудвил]]. Во [[1475]] година, и било понудено брак со францускиот престолонаследник, но истата понуда била одбиена од страна на францускиот крал [[Луј XI]]. По смртта на нејзиниот татко, на престолот се качил нејзиниот брат Едвард V. Но бидејќи не бил почнолетен, таа функција ја извршувал војводата од Глостер, [[Ричард III|Ричард]], подоцна [[Ричард III]]. Ричард на младиот крал го однел во Лондонската кула, кралска резиденција каде монарсите живееле до моментот кога тие биле крунисувани. Во исто време, во Лондонската кула бил однесен братот [[Ричард (Прв војвода од Јорк)|Ричард]]. По нивното примамување, чичко им Ричард наредил двајцата браќа да бидат затворени во [[Лондонска кула|Лондонската кула]], а му наредил на парламентот да бракот помеѓу [[Едвард IV]] и [[Елизабета Вудвил]] да го прогласи за незаконски, наводно поради кое што едвард бил оженет во времето кога стапил во брак со Елизабета. По ова, Ричард бил крунисан за нов крал на Англија, а двајцата млади принцови не биле видени повеќе никогаш.
 
Од друга страна пак, Елизабета исто така била цел на династичките конфликти. Во тоа време имало дискусии да Ричард се ожени за Елизабета веднаш откако неговата сопруга почине. Сепак, овој план не успеал. По ова, Елизабета била омажена за идниот [[Хенри VII]].