Одрински Вилает: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Jingiby (разговор | придонеси)
→‎Востание: ситна поправка
с Отстрането уредувањето на Jingiby (разговор), вратено на последната верзија на Dalco26
Ред 57:
 
Во 1895 година била донесена одлука во организацијата да биде приклучен и турскиот дел на Тракија, покрај Македонија. Така, еден од основачите на организацијата, [[Даме Груев]], му наложил на [[Христо Поп Коцев]], кој бил учител во Одринската Егзархиска машка гимназија и член на организацијата, да започне изградбата на комитетската мрежа во Источна Тракија. Како резултат на тоа во 1895 година во Машката гимназија „Д-р Петар Берон“ во Едрене бил основан првиот револуционерен кружок од Поп Коцев. Во 1896 година со помош на [[Павле Генадиев]] била создадена и мрежата на Одринскиот револуционерен комитет, чиј претседател првично бил Поп Коцев.
 
=== Цариградски револуционерен комитет ===
Специјален статус имал главниот град [[Цариград]], каде [[Димитар Љaпов]] во 1895 година создал ''Цариградски револуционерен комитет,'' кој бил афтономен и добил право директно да комуницира со Централниот комитет на ВМОРО. Во 1896 година на Солунскиот конгрес териториите на Тракија и Македонија биле поделени на револуционерни окрузи, а меѓу нив бил и Одринскиот. По Солунскиот конгрес, Цариградскиот комитет се приклучил кон Одринскиот револуционерен округ.
 
=== Конфликт со Егзархистите ===
Во 1897 година во лицето на зголемената револуционерна сила на [[Внатрешна македонско-одринска револуционерна организација | ВМОРО]] група [[Бугарска Егзархија| про-егзархиски]] настроени активисти, засновали во Солун нова организација - [[Бугарско тајно револуционерно братство]]. Таа почнала да прави свои филијали во [[Смолјан|Ахчелебиско]], [[Дедееагач]]ко и [[Ксанти]]ско.<ref> Историја на Бугарија - Електронска енциклопедија, ИК Труд, Сирма, (Статија:''март, 1897 година'')</ref> Акциите на Братството среднале сопротива од страна на [[ВМОРО | Внатрешната организација]]. Почнале внатрешни междуособици и обиди за взаемни заседи со повредени, иако никој не бил убиен. Во почетокот на 1900 година сепак бил потпишан протокол за помирување, а Бугарското тајно револуционерно братство се самораспуштило и се слеало во ТМОРО со што престанало официјално да егзистира, но неговите поранешни членови како Караманџуков продолжиле со својата активност, сега во самата организација.
 
=== Керемидчиоглува афера ===
[[Керемидчиоглува афера|Керемидчиоглувата афера]], која избувнала во јули 1900 година била првата од серијата афери кои ги растресле структурите на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во Источна Тракија. Таа нанела силен удар врз револуционерната дејност и довела до раздор и опаѓање на моралот.
 
=== Конфликт со Врховниот комитет ===
 
Во февруари 1901 година [[В'лчо Антонов]] ги прекинал односите со Одринскиот комитет на ВМОРО и ја прифатил поканата на претседателот на ВМОК [[Борис Сарафов]] да го предводи пограничниот премин на ВМОК во [[Чепеларе]]. Тоа направил обид за изградба на самостоен Беломорски револуционерен округ западно од реката Марица под негов контрол. Во Чепеларе Антонов ги сменил средствата на терор - па така уште во февруари биле убиени двајца истакнати дејци на организацијата - [[Атанас Шапарданов]] и [[Дечо Стојановски]], а во пролетта бил направен неуспешен обид за убиство на Хаџи Нури бег, кој ја предизвикал големата [[Пашмаклиска афера]]. Атентатите врз дејците и нападите врз муслиманските првенци го ослабеле револуционерното дело. Многумина истакнати дејци како [[Константин Николов]], [[Тане Стоев]], [[Владимир Коруев]] и други биле принудени да пребегнат во Бугарија.
 
=== Засилување на влијанието на Сарафов===
Во февруари 1901 година [[В'лчо Антонов]] ги прекинал односите со Одринскиот комитет на ВМОРО и ја прифатил поканата на претседателот на ВМОК [[Борис Сарафов]] да го предводи пограничниот премин на ВМОК во [[Чепеларе]]. Тоа направил обид за изградба на самостоен Беломорски револуционерен округ западно од реката Марица под негов контрол. Во Чепеларе Антонов ги сменил средствата на терор - па така уште во февруари биле убиени двајца истакнати дејци на организацијата - [[Атанас Шапарданов]] и [[Дечо Стојановски]], а во пролетта бил направен неуспешен обид за убиство на Хаџи Нури бег, кој ја предизвикал големата [[Пашмаклиска афера]]. Атентатите врз дејците и нападите врз муслиманските првенци го ослабеле револуционерното дело. Многумина истакнати дејци како [[Константин Николов]], [[Тане Стоев]], [[Владимир Коруев]] и други биле принудени да пребегнат во Бугарија.
 
=== Цариградска група ===
Во меѓувреме и Димитар Љапов и Павле Генадиев ги прекинале односите со ВМОРО. Тие го одцепиле Цариградскиот револуционерен комитет од ВМОРО и стапиле во контакт со [[Борис Сарафов]], [[Петар Манџуков]], [[Славе Мерџанов]] и [[Петар Соколов]]. Подоцна дел од нив заминале во Цариград со цел да го убијат султанот [[Абдул Хамид]]. Откако се увериле дека не постојат никакви шанси за успешно изведување на атентатот, тие пристапиле кон нов план што опфаќал уривање на отоманската банка во [[Цариград]] и цела година групата копала тунел под земјата што води кон темелите на банката. Потоа во [[Цариград]] бил испратен и [[Павел Шатев]], но турските влласти го уапсиле Ерменецот кој требало да ги снабди со експлозив, а потоа биле уапсени Славе Мерџанов, Петар Соколов, Манџуков и Шатев.<ref name="PS"><small>''Павел Шатев, Солунскиот атентат и заточениците во Фезан, Култура, Скопје, 1994''</small></ref>. Меѓутоа властите сметале дека станува збор за обични комити и по интервенцијата на бугарскиот дипломатски преставник биле ослободени и протерани од [[Цариград]]. По падот на Сарафовиот комитет и [[Солунска афера|Солунската афера]] [[гемиџии]]те останале без поткрепа. За да дојдат до пари Мерџанов и Соколов формирале чета на чело со [[Георги Фотев]] и влегле во [[Одринско]]. Таму планирале да го ограбат возот [[Ориент Експрес]] но неуспеале во таа намера. Потоа тие грабнале еден турски бег, но четата била откриена и уништена. [[Петар Соколов]] загинал, а [[Славе Мерџанов]] бил заробен и во [[Одрин]] заедно со свои другари бил обесен.<ref name="SnBS"><small>''Спомени на Борис Сарафов''</small></ref>. Од другата страна пак, Димитар Мечев во [[Одрин]] со група атентатори направил обид за копање на канал до австриската пошта, но таа акција била неуспешна.
 
=== Обид за помирување ===
Ред 82 ⟶ 76:
 
===Востание===
Одринскиот округ бил поделен на пет региони. Подоцна во 1903 година [[Конгрес на Петрова нива|конгресот на Петрова нива]] конечно ја утврдил поделбата, односно: I регион - Малотрновски, II регион - Чокенски (Одрински); III регон - Мустафапашански (Свиленградски), IV регион - Ахчелебиско (Смолjaнско) - Скеченски (Ксантиски); V регион - Гумурџинско-Дедеагачки. Конгресот избрал и орган кој бил овластен да подготви и да го крене востанието. Овој орган бил наречен ''Главно боево тело'' и се состоел од три лица: [[Михаил Герџиков]], [[Лазар Маџаров]] и капетан [[Стамат Икономов]]. Веднаш по конгресот на "Петрова нива", на 5 јули 1903 година во Родопите, во близина на селото [[Карлуково]], се одржал Родопскиот конгрес на ВМОРО со учество на претставници од Ахчелебискиот револуционерен реон. Избрано било Боево тело за водење на активностите во регионот. Во 1903 година, две недели по објавувањето на [[Илинденско востание|Илинденското востание]], тука се кренало [[Преображенско востание|Преображенското востание]], предводено од [[Михаил Герџиков]]. Како резултат на востанието се прогласила [[Странџанска република|Странџанската република]].
 
Подоцна во 1903 година [[Конгрес на Петрова нива|конгресот на Петрова нива]] конечно ја утврдил поделбата, односно: I регион - Малотрновски, II регион - Чокенски (Одрински); III регон - Мустафапашански (Свиленградски), IV регион - Ахчелебиско (Смолjaнско) - Скеченски (Ксантиски); V регион - Гумурџинско-Дедеагачки. Во 1903 година, две недели по објавувањето на [[Илинденско востание|Илинденското востание]], тука се кренало [[Преображенско востание|Преображенското востание]], предводено од [[Михаил Герџиков]]. Како резултат на востанието се прогласила [[Странџанска република|Странџанската република]].
 
=== Поствостанички период ===
Ред 90 ⟶ 86:
 
=== По Младотурската револуција ===
По [[Младотурска револуција|Младотурската револуција]] во 1908 година ВМОРО било легализирана во [[Сојуз на бугарски уставни клубови|Сојуз на бугарските уставни клубови]] и [[Народна федеративна партија (бугарска секција)]]. Во септември 1908 година се одржал нов конгрес во округот во Едрене. На конгресот се одлучило да се учествува на претстојните избори за пратеници во Одринскиот вилает со самостојна листа. Во тој период се издавал весникот ''„Одринска зарја“''. Избрано било ''Окружно боево тело'' во состав: [[Стамат Икономов]], [[Страшимир Дочков]], [[Георги Поп Ајанов]], [[Анастас Разбојников]] и [[Климент Шапкарев]]. По некое време, Младотурците ги продолжили репресиите. По создавањето на [[Македонско-одринско ополчение|Македонско-одринското ополчение]] во 1912 година бугарскиот Главен штаб го испратил корпусот во војната во [[Тракија]]. Во декември 1912 година откако ги исполниле поставените задачи и стигнале речиси до Истанбул, партизанските чети и одреди биле официјално распуштени. Така целиот Одрински вилает бил окупиран от Бугарија.
 
=== Протерување на бугарското население ===
Во текот на Втората Балканска војна од 1913 година, Бугарија ја изгубила [[Источна Тракија]] и [[младотурцимладотурците]]те гоги протерале бугарското население од регионот на [[Источна Тракија]]. Во истата година бил потпишан и [[Букурешки договор, 1913| Букурешкиот мировен договор]], според кој [[Западна Тракија]] потпаднала под бугарска власт. Откако во 1920 година таа паднала под грчка власт врз основа на [[Нејски мировен договор|Нејскиот договор]], таму била создадена [[Внатрешна тракиска револуционерна организација]]. Сепак со [[Договор Молов-Кафандарис|Договорот Молов - Кафандарис]] од 1927 година последните Бугари биле раселени и од овој регион.
 
== Наводи==