Одрински Вилает: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 54:
[[File:N.Danailov, Peio Shishmanov, Hristo Karamandjukov.jpg|250п|десно|thumb|Востаничка чета на [[Родопи]]те (1903). Напред од лево кон десно: [[Никола Данаилов]], [[Пејо Шишманов]] и [[Христо Караманџуков ]].]]
 
Одринскиот револуционерен округ на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација бил дел од структурите на револуционерната мрежа и го опфаќал целиот Одрински вилает. По создавањето на [[ТМОРО]], во Одринскиот вилает се оформирале и првите месни комитети на организацијата.

Во 1895 година била донесена одлука во организацијата да биде приклучен и турскиот дел на Тракија, покрај Македонија. Така, еден од основачите на организацијата, [[Даме Груев]], му наложил на [[Христо Поп Коцев]], кој бил учител во Одринската Егзархиска машка гимназија и член на организацијата, да започне изградбата на комитетската мрежа во Источна Тракија. Како резултат на тоа во 1895 година во Машката гимназија „Д-р Петар Берон“ во Едрене бил основан првиот револуционерен кружок од Поп Коцев. Во 1896 година со помош на [[Павле Генадиев]] била создадена и мрежата на Одринскиот револуционерен комитет, чиј претседател првично бил Поп Коцев.
=== Цариградски револуционерен комитет ===
Специјален статус имал главниот град [[Цариград]], каде [[Димитар ЛjaповЉaпов]] во 1895 година создал ''Цариградски револуционерен комитет,'' кој бил афтономен и добил право директно да комуницира со Централниот комитет на ВМОРО. Во 1896 година на Солунскиот конгрес териториите на Тракија и Македонија биле поделени на револуционерни окрузи, а меѓу нив бил и Одринскиот. По Солунскиот конгрес, Цариградскиот комитет се приклучил кон Одринскиот револуционерен округ.
 
[[Керемидчиоглува афера|Керемидчиоглувата афера]], која избувнала во јули 1900 година била првата од серијата афери кои ги растресле структурите на Внатрешната македонско-одринска револуционерна организација во Источна Тракија. Таа нанела силен удар врз револуционерната дејност и довела до страв и раздор. Во февруари 1901 година [[В'лчо Антонов]] ги прекинал односите со Одринскиот комитет на ВМОРО и ја прифатил поканата на претседателот на ВМОК [[Борис Сарафов]] да го предводи пограничниот премин на ВМОК во [[Чепеларе]]. Во Чепеларе Антонов ги сменил средствата на терор - па така уште во февруари биле убиени двајца истакнати дејци на организацијата - [[Атанас Шапарданов]] и [[Дечо Стојановски]], а во пролетта бил направен неуспешен обид за убиство на Хаџи Нури бег, кој ја предизвикал големата [[Пашмаклиска афера]]. Атентатите врз дејците и нападите врз муслиманските првенци го ослабеле револуционерното дело. Многумина истакнати дејци како [[Константин Николов]], [[Тане Стоев]], [[Владимир Коруев]] и други биле принудени да пребегнат во Бугарија.