Жил Ардуен Мансар: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 2:
'''Жил Ардуен Мансар''' ([[фр.]] ''Jules Hardouin-Mansart''), ([[Париз]], [[Франција]], [[16 април]], [[1646]] – [[Марли-ле-Роа]], [[Франција]], [[11 мај]], [[1708]]) бил [[Франција|француски]] [[архитект]] чии дела се сметаат за врвот на [[француска барокна архитектура|француската барокна архитектура]], означувајќи ја моќта и величенственоста на кралот [[Луј XIV]].
 
Роден е по име Жил Ардуен, и учел кај прославениот брат на дедо му, [[Франсоа Мансар]], еден од основачите на класичната традиција во [[француска архитектура|француската архитектура]]; Ардуен потоа ја наследил неговата збирка на планови и нацрти и го присвоил неговото прочуено име. Учел и од [[Либерал Бриан]], архитектот на болницата на кралските ветерани во Париз, неречена ''Les Invalides'' („[[Инвалидски дом]]“). Ардоен Мансар станал главен архитект на [[Луј XIV]], најпрвин доградувајќи го кралскиот [[дворец Сен-Жермен-ан-Ле]], а потоа [[Версај]] од [[1675]]. ТОгашТогаш станал и надзорникНадзорник на [[Згради на кралот|Зградите на кралот]] (''surintendant des Bâtiments du Roi''). Ги проектирал сите додатоци, проширувања и преградувања во [[Версај]] за кралот, меѓу кои и северното и јужното крило, Кралската капела (со [[Робер де Кот]], 1710), и славната [[Сала на огледалата]] украсена од [[Шарл Ле Брен]] како негов соработник. Вон потесниот дворец, негови дела се и [[Голем Тријанон|Големиот Тријанон]] и [[Оранжерија]]та, како и споредните кралски згради недалеку од овде, како дворецот [[Марли (дворец)|Марли]] (започнат 1679).
 
Меѓу неговите најпознати дела во Париз се мостот [[Пон-Ројал]], црквата [[Сен-Рош]], големата засводена кралска капела ''Eglise du Dome'' посветена на Св. Луј во болницата [[Инвалидски дом]] (проект. 1680), [[Плоштад на победите|Плоштадот на победите]] (1684–86) проследен од [[Вендом (плоштад)|плоштадот Вендом]] (1690). Речиси сите овие дела имаат оставено силна трага врз карактерот на [[Париз]] и лесно можат да се видат од денешниот турист.