Ричард II: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
сНема опис на уредувањето
Ред 10:
| coronation = 16 јули 1377
| predecessor = [[Едвард III]]
| regent = [[ЏонЈован Гонт(Прв војвода од Ланкастер)|Јован]] {{nowrap|(''[[de facto]]'')}}
| successor = [[Хенри IV]]
| spouse = [[Ана Бохемска]]<br />1382 - 1394<br />[[Изабела Валоа]]<br />1396 - 1400
Ред 28:
== Рани години ==
 
Бидејќи Ричард бил роден на [[Богојавление]] и бидејќи тројца кралеви присуствувале на неговото раѓање, за него постои легенда според која и покрај тоа што бил втор син, се сметало дека му предстојат големи дела. Тој станал наследник на англискиот престол и бил прогласен за [[принц на Велс]], кога неговиот татко, Црниот принц, починал од болест во [[1376]] година. Следната година, неговиот дедо [[Едвард III]], исто така починал и Ричард станал владетел на 10 години. Младиот крал бил воспитуван од сер [[Симон Барли]]. Од [[јуни]] [[1377]] до [[јануари]] [[1380]] година [[Велика Британија]] била управувана од страна на совети. Иако не бил член на ниту еден од советите, [[ЏонЈован Гонт(Прв војвода од Ланкастер)|Јован]], чичко на Ричард, морал да донесува управувачки одлуки кои биле од особена важност, особено во однос на надворешната политика. Во тоа време избувнало селското востание од [[1381]]. Младиот крал морал лично да преговара со [[Вот Тајлер]] и другите водачи на востанието. Тој ветил дека ќе ги помилува сите востаници од бунтот, но тоа ветување не било испочитувано. Така, сите востаници биле заробени и убиени. И покрај тоа, денес се смета дека Ричард не бил благосклонет кон барањата на бунтовниците и останува нејасно дали ги испланирал сите овие дела или бил принуден да од страна на англиските благородници. Така или инаку, како резултат на неговата тактика, востаниците се распрснале по улиците на [[Лондон]] кон своите домови и со тоа се ставило крај на немирите. Со растењето на младиот крал, сепак, кај него се забележила неспособноста да преговара и да прави компромиси - значителни вештини за водење на успешна политика и дипломатија во [[14 век]]. Недостатокот од овие квалитети на крајот довело до неговото детронирање во [[1399]] година.
 
На [[22 јануари]] [[1383]], Ричард II се оженил со [[Ана Бохемска]] (позната уште ѝ како Ана Чешка / Ана Луксембург), ќерката на Карл IV, Светиот Римски император и Елизабета Померанска. Се смета дека Ричард II бил силно приврзан кон својата сопруга, но двајцата немале потомци. Таа починала на [[7 јуни]] [[1394]] година.
Ред 48:
Во [[1397]] година Ричард затворил тројца од лордовите под изговор дека организирале заговор. Графот Аредел бил погубен, Ворвик бил протеран, а Глостер починал.
 
Ричард II немал деца и наследник на тронот требало да биде [[Роџер Мортимер]], а по неговата смрт во [[1398]], наследник станал неговиот седумгодишен син [[Едмонд Мортимер]]. Ричард сепак бил загрижен за синот на својот чичко [[ЏонЈован Гонт(Прв војвода од Ланкастер)|Јован]] - Хенри Болингбрук, кого го испратил во 10-годишно прогонство во [[1399]] година.
 
Ричард II отишол во [[Ирска]] за да го задуши востанието кое избувнало од страна на неколку келтски владетели. Ова било искористено од страна на Хенри Болингбрук, оневозможувајќи му да влезе во [[Лондон]]. Во [[1399]] година, од страна на парламентот, Хенри Болингбрук бил прогласен за [[крал на Англија]], под името [[Хенри IV]]. Ричард не добил подршка од страна на населението, па така бил заробен и однесен во затвор. Тој бил убиен во [[1400]] година, станувајќи првата жртва на т.н. [[Војна на розите]].
Преземено од „https://mk.wikipedia.org/wiki/Ричард_II