Википедија:Почетен курс (Зачленување): Разлика помеѓу преработките

Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
На осумгодишна возраст таа била продадена на богат трговец и кројач од Бостон, Џон Витли, кој го зел младото девојче за слугинка на неговата сопруга, Сузана. Џон и Сузана Витли го нарекле девојчето Филис, по истоимениот брод што ја донел во Америка.
Образованието на Филис започнало со нејзиното подучување од страна на осумнаесетгодишната ќерка на Витли, Мери. Џон Витли, кој бил познат како напреден човек во Нова Англија, и слободоумноста на другите членови од семејството Витли í овозможиле на Филис да се здобие со невидено образование, не само за една робинка, туку и општо за жена од која било раса. На возраст од 12 години, Филис веќе читала грчки и латински класици и тешки делови од Библијата. Воодушевено од нејзината способност за пишување, семејството Витли му придало големо значење на нејзиното образование и ги препуштило обврските околу домаќинството на други робови кои ги поседувале. Под огромното влијание на делата на Александар Поуп, Џон Милтон, Хомер, Хорациј и Вергилиј, интересот на Филис Витли се насочил кон поезијата.
Во 1773 година, Витли била пратена во [[Лондон]] да го придружува Натаниел Витли во закрепнувањето на неговото здравје. Посетата на Витли не поминала незабележана. Таа имала средба со лордот градоначалник на Лондон (имала закажано следна средба со Џорџ III, но Филис се вратила дома порано), како и со други важни членови на британското општество. За време на оваа посета во Лондон, била објавена нејзината збирка поезија. Витли била ослободена од ропство на 18 октомври 1773 година, но не í биле дадени сите права на една слободна жена.
Во 1775 година, таа објавила поема во која го величела Џорџ Вашингтон, насловена „За Неговата Превозвишеност Џорџ Вашингтон“. Во 1776 година, Вашингтон ја поканил Витли во неговиот дом како благодарност за поемата, а Томас Џеферсон повторно í ја објавил поемата во весникот на Пенсилванија, како резултат на средбата на Витли со Вашингтон. Иако Витли ја поддржувала Американската Револуција, се покажало дека војната е штетна за објавувањето на нејзината поезија, бидејќи читателите биле вклучени во беснилото на војната и не биле заинтересирани за поезија.
Во 1778 година, кога починал господарот на Витли, Џон Витли, таа била легално ослободена од оковите на ропството. Три месеци подоцна, Витли се омажила со Џон Питерс, слободен црн сопственик на бакалница. Нејзиниот брак бил нестабилен поради лошите услови за живеење и смртта на нивните две деца. Витли не можела да објави друг дел од нејзината поезија поради финанскиските проблеми, загубата на господарите по ослободувањето и последиците од Револуционерната војна.