Црква „Рождество на Пресвета Богородица“ - Скопје: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 32:
 
По долги години, на почетокот на XIX-от век, повторно започнала изградбата на црквата посветена на заштитничката на [[Скопје]]. Според скопскиот трговец Хаџи-Коста, неимарите и копаничарите започнале со работа уште во [[1809]] година, а по 10 години чекање на одобрението за изградба од страна на султанот во [[Истанбул|Цариград]], црквата била свечено осветена на [[1 мај]] [[1835]] година<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.17</ref>. Според записите на Васил К'нчов одобрението за градба стигнало во [[1834]] година<ref>Исто</ref>. Изградбата и иконостасот ја извршиле прочуените дебарски мајстори и копаничари, односно тајфите на Рензовци-Зографски во поголем и Фрчковски во помал дел<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.18</ref>. Кон крајот на [[Втора светска војна|Втората светска војна]] во [[1944]] година, црквата со своите непроценливо богати исконостас и живопис, била запалена од страна на [[Бугарија|бугарската]] фашистичка окупаторска војска<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.20</ref>. Комунистичката власт во тогашна [[СР Македонија]] во рамките на [[СФРЈ]] не започнала обнова на храмот, така што тој бил целосно срушен во скопскиот земјотрес од [[1963]] година.
 
Со стекнувањето на независноста на [[Македонија]], повторно започнуваат иницијативите за обнова на црквата. На почетокот на [[1995]] година, група на главно постари граѓани (пензионери) на Скопје основаат и регистрираат здружение на граѓани за обнова на црквата, при што истата година успеваат да го обезбедат поседовниот лист и да издејствуваат изграбата на црквата да влезе во ДУП на Скопје<ref>Јовчев Спасе. ''„Соборен храм Рождество на Пресвета Богородица во Скопје“'', Скопје, 1997 год., стр.89-90</ref>. Во следните неколку години тие успеаваат со самопридонес да изградат мал храм во близина на темелите на некогашната црква. Во [[2004]] познатиот скопскиот бизнисмен и поранешен градоначалник [[Трифун Костовски]] активно се вклучува во обновата на црквата. Благодарение на неговото ангажирање и финансиските средства, изграбдата започнува во [[2005]], а завршува со осветувањето на црквата на празникот Св. Атанасиј на [[31 јануари]] [[2008]] година. Црквата е обновена во истиот изглед и архитектура како што ја имала во минатото.
 
== Наводи ==