Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Почетен курс (Зачленување)“

Во 1775 година, таа објавила поема во која го величела Џорџ Вашингтон, насловена „За Неговата Превозвишеност Џорџ Вашингтон“. Во 1776 година, Вашингтон ја поканил Витли во неговиот дом како благодарност за поемата, а Томас Џеферсон повторно í ја објавил поемата во весникот на Пенсилванија, како резултат на средбата на Витли со Вашингтон. Иако Витли ја поддржувала Американската Револуција, се покажало дека војната е штетна за објавувањето на нејзината поезија, бидејќи читателите биле вклучени во беснилото на војната и не биле заинтересирани за поезија.
Во 1778 година, кога починал господарот на Витли, Џон Витли, таа била легално ослободена од оковите на ропството. Три месеци подоцна, Витли се омажила со Џон Питерс, слободен црн сопственик на бакалница. Нејзиниот брак бил нестабилен поради лошите услови за живеење и смртта на нивните две деца. Витли не можела да објави друг дел од нејзината поезија поради финанскиските проблеми, загубата на господарите по ослободувањето и последиците од Револуционерната војна.
Сопругот на Витли, Џон Питерс, бил ставен во затвор поради долгови во 1784 година, оставајќи ја зад себе сиромашната Витли со болен син. Витли станала слугинка за миење садови во ученички дом, принудена на домаќинска работа која претходно, дури била робинка, ја одбегнувала. Витли починала на 5 декември 1784 година, на возраст од 31 година. Нејзиниот син починал три и пол часа по нејзината смрт.
 
===Поезија===
14

уредувања