Богородица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 41:
 
Марија го пратила Исус во текот на неговото мисионерство. Кога Исус бил распнат на крст, таа заедно со нејзината сестра [[Марија Клопина]] и [[Марија Магдалена]] стоеле под него. (Јован 19:25). Исус ја погледнал Марија која плачела покрај апостол Јован и и рекол: „''Жено, ете ти син''!” (Јован 19:26). По ова, според евангелието, Јован станал нејзин штитеник, а Марија негова мајка, а во широко значење и мајка на сите верници.
 
По Исусовото воскресение и вознесение, Марија била во друштво покрај апостолите во Ерусалим, кои постојано биле во молитва (Дела 1:14). Понатаму, Марија повеќе не се споменува во евангелијата, освен во Откровението на Јован: „И се покажа голем знак во небото: жена, облечена со сонцето и месечината под нејзините нозе, а на нејзината глава круна од дванаесет ѕвезди“ (Откровение 12:1).
Смртта на Марија не се споменува во Библијата на ниту едно место. Католиците и православните христијани веруваат дека таа била вознесена на небото, што денеска се слави празникот Успение на Пресвета Богородица. Во некои верзии на приказната се вели дека настанот се случил во [[Ефес]], во куќата на Марија, а во најстарите традиции настанот се лоцира во [[Ерусалим]]. Во некои подоцнежни верзии, се раскажува дека [[Апостол Тома|Апостолот Тома]] задоцнил на погребот и подоцна кога стигнал и го отворил камениот гроб виделе дека телото го нема и заклучиле дека, како и Исус, и Марија воскреснала и заминала на небото. Исто така, се раскажува дека Марија им ја фрлила шамијата на апостолите од небото како доказ за нејзиното успение.<ref>[http://www.ccel.org/ccel/schaff/anf08.vii.xliii.html#vii.xliii-Page_594 Ante-Nicene Fathers - ''The Writings of the Fathers Down to A.D. 325''], vol. 8 page 594</ref>
 
== Гробот на Марија ==