Богородица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 35:
 
[[Три Свети крала|Трите свети крала]] од истокот дошле за да се поклонат на [[Исус]]. Според [[Евангелие според Матеј|Евангелието на Матеј]] тие дошле источно од [[Ерусалим]]. Тие ја следиле ѕвездата која блескала над [[Витлеем]]. Во Ерусалим кралевите биле испратени од страна на [[Ирод]] кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле тие му подариле три поклони: темјан, злато и маст. По ова, [[Господ]] им наредил да не се враќаат во Ерусалим туку да си одат во нивните земји: ''„И откако беа предупредени од Бога во сон, да не се враќаат при Ирод, заминаа по друг пат за својата земја'' (Матеј 2:13). Кога разбрал кралот за измамата, тој наредил во [[Витлеем]] сите деца до две години да бидат убиени. Исус не бил убиен бидејќи на Јосиф му се јавил Господ кој му рекол:“ ''Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби''“ (Матеј 2:13). По ова, тие заминале за [[Египет]]. Патот кон Египет бил долг и тежок. Во [[Египет]] семејството се задржило до смртта на Ирод, кога ангелот повторно му се јавил на Јосиф и му рекол:„ ''Стани, земи го детето и неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на детето''“ (Матеј 2:10).
 
Така, Јосиф, Марија и Исус повторно се вратиле во Назарет во Галилеја. Кога Исус бил дванаесет години, отишол во Ерусалимскиот храм. На враќање, Марија и Јосиф виделе дека Исус го изгубиле, па започнале да го бараат. По три денови го пронашле во храмот, каде тој разговарал со учителите. Марија го прашала: „Чедо, што ни направи така? Гледај! Татко ти и јас се измачивме, барајќи те?“, на кое Исус им одговорил: „Зошто ме баравте? Зар не знаете дека јас треба да бидам во она, кое што е на мојот татко?“ (Лука 2:47:48). По ова, тие повторно се вратиле во Назарет. Јосиф бил столар, а Марија се бавила со семејни работи.
 
== Гробот на Марија ==