Богородица: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 33:
 
Во храмот живеел Симеон, човек праведен и благочестив, на кого [[Светиот Дух]] му прорекол дека нема да види смрт, додека не го види [[Исус]]. Кога го видел Исус, го зел на своите раце, го благословил и рекол: „''Сега, Господару, отпушти го Својот служител со мир, според Твојот збор, зашто моите очи го видоа твоето спасение кое го приготви пред лицето на сите луѓе светлина за осветлување на народите и слава на Твојот народ Израел''“ (Лука 2:29:32). На оваа церемонија, според [[Евангелие на Лука]] присуствувала и Ана.
 
Трите свети крала од истокот дошле за да се поклонат на Исус. Според Евангелието на Матеј тие дошле источно од Ерусалим. Тие ја следиле ѕвездата која блескала над Витлеем. Во Ерусалим кралевите биле испратени од страна на Херод кој сакал да му кажат каде се родил Исус за да може да го убие. Кога го пронашле тие му подариле три поклони: Темјан, злато и маст. По ова, Господ им наредил да не се враќаат во Ерусалим туку да си одат во нивните земји: „И откако беа предупредени од Бога во сон, да не се враќаат при Ирод, заминаа по друг пат за својата земја (Матеј 2:13). Кога разбрал кралот за измамата, тој наредил во Витлеем сите деца до две години да бидат убиени. Исус не бил убиен бидејќи на Јосиф му се јавил Господ кој му рекол:“ Стани, земи Го Детето, и Неговата мајка, и бегај во Египет, и остани таму додека не ти кажам, зашто Ирод ќе Го бара Детето за да Го погуби“ (Матеј 2:13). По ова, тие заминале за Египет. Патот кон Египет бил долг и тежок. Во Египет семејството се задржило до смртта на Ирод, кога ангелот повторно му се јавил на Јосиф и му рекол:„ Стани, земи го детето и неговата мајка и оди во земјата Израелева, зашто умреа оние, кои ја бараа душата на детето“ (Матеј 2:10).
 
== Гробот на Марија ==