Нилски крокодил: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Hoo man (разговор | придонеси)
с Отстрането уредувањето на 77.29.181.45 (разговор), вратено на последната верзија на EmausBot
Ред 59:
Нилските крокодили се познати и по симбиотската врска со некои птици, како [[пловер]]от. Според одредени записи, крокодилот широко ја отвора устата, птицата влегува и ги чисти [[заб]]ите од малите парченца месо кои се заглавени меѓи нив. Ова сѐ уште е тешко да се докаже, и најверојатно не претставува вистинска симбиотска врска.
 
=== Размножување ===
[[Податотека:Crocodylus niloticus.jpg|right|thumbnail|250px|Група на нилски крокодили]]
Мажјаците достигнуваат [[сексуална зрелост]] кога се долги околу 3 метри, додека женките кога се долги 2-2,5 метри. И на двата пола, за да ги достигнат овие должини им се потребни околу 10 години во нормални услови.
За време на сезоната за парење, мажјаците ги привлекуваат женките со рикање, плескање по водата со муцката, исфрлање вода низ носот како и испуштање на многу други звуци, кои сепак се многу помалку вокални од [[Американски алигатор|американсиот алигатор]] <ref name="Guggisberg" />. Според набљудувањата поголемите мажјаци се доста поуспешни во привлекување на женките. Женките ги несат [[јајца]]та околу 2 месеци после парењето.
Градењето гнездо се одвива во ноември или декември, односно за време на сувиот период во [[Северна Африка]], и за време на дождовниот период во [[Јужна Африка]]. Најчесто гнездата ги градат на песочни брегови и пресушени речни текови. Женката копа дупка длабока 50тина сантиметри оддалечена неколку метри од брегот, во која положува од 25 до 80 јајца. Бројот на јајцата се разликува во различни популации, но во просек изнесува 50 јајца. Се случува повеќе женки да ги изградат гнездата многу блиску едни до други.
За разлика од останатите крокодили, кои гнездата ги прават од растенија, женката од нилски крокодил јајцата ги закопува во песок<ref name="Guggisberg" />. Откако ќе ги закопа, идната мајка го чува гнездото за време на целиот период на инкубација кој трае 3 месеци. Идниот татко исто така останува во близина на гнездото, и заедно со мајката постојано напаѓаат доколку некој се доближи до јајцата. И покрај постојаната грижа на двајцата родители, гнездата многу често се уништувани од луѓето, гуштерите или некои други животни, за време кога мајката е на кратко отсутна.
Пред да излезат од јајцата, младите крокодили испуштаат пискави звуци кои се сигнал за мајката да го откопа гнездото. И мајката и таткото ги земаат јајцата во устата и ги тркалаат помеѓу јазикот и горниот дел од устата со што помагаат во кршењето на лушпата и излегувањето на младите. Кога ќе излезат од јајцата, мајката ги носи младите до водата.
[[Податотека:Nile crocodile eggs.jpg|thumb|left|250px|Јајца од нилски крокодил]]
Одредувањето на полот на младите крокодили е зависен од температурата, што значи дека полот не е одреден генетски, туку во зависност од просечната температура за време на втората третина од периодот на инкубација. Ако температурата во гнездото е пониска од 31,7&nbsp;°C или повисока од 34.5&nbsp;°C, младите ќе бидат женски. Ако температурата е во рамките на овие степени, младите крокодили ќе бидат машки.
Младите крокодили се долги околи 30 сантиметри, и одприлика ја растат истата должина секоја година. Мајката се грижи за младите во следните две години, а доколку има повеќе гнезда во околината мајките формираат колонија каде сите заедно се грижат за своите и за младенчињата на другите женки. За ова време, мајката ги заштитува младите носејќи ги во својата уста или на нејзиниот грб. Кон крајот на втората година, младите крокодили веќе достигнуваат должина од 1,2 метри и го напуштаат регионот, но истовремено и ги избегнуваат териториите на поголемите и поворасните крокодили.
Должината на животниот век на крокодилите не е доволно познат, но се смета дека поголемите крокодили како Нилскиот живеат доста долго. Се претпоставува дека просечниот животен век изнесува помеѓу 70 и 100 години.
 
== Заштитен статус ==