Разлика помеѓу преработките на „Инквизиција“

Додадени 1.318 бајти ,  пред 9 години
Инквизиторите во почетокот делувале на начин што оделе во некое место и прво ги повикувале еретиците и осомничените на покајување, ги собирале нивните имиња. Судот од своја страна пак се состоел од нотар, советници, чувари на затворите и бранители. Оптужените или осомничените ги немале имињата на сведоците кои сведочат против нив. Тие едноставно морале да ја зборуваат вистината и имињата на соучесниците. Во прилог на истрагата се пристапувало кон мачење. Најчести казни биле: одземање на имотот и сите права не само на оптужениот туку и на неговите роднини; потоа оптужениот е ставан во затвор. Упорните еретици биле осудувани на смрт и потоа спалувани. Тие кои се покајале биле задавени и потоа спалувани. Телата на умрените еретици се откопувани и потоа спалувани.
 
Инквизиторот себеси се сметал за одговорен единствено пред [[папа]]та, а на суд можел да ги изведе и духовните авторитети ''поголеми од себе''.
 
== Делување ==
 
Инквизицијата делувала брзо, и се потчинувала световната власт, а во самиот процес немало адвокатски расправи и образложенија. Пресудата обично била читана јавно на градскиот плоштад. На изрекувањето на пресудата задолжително и претходела проповед. Во присуство на илјадници луге, осудениот се појавувал облечен во посебно одело. Смртната пресуда обично била извршувана следниот ден. Всушност улогата на иквизицијата била во тоа што само прогласувала дека црквата не ги штити еретиците и дека ги предава во рацете на државните закони. На еретиците им бил одземан сиот имот и тоа во корист на државата, или црквата или пак самата инквизиција.
Следува цитат од [[папа Никола II]] за инквизицијата од 1280 година:
 
== Види исто така ==