Отвори го главното мени

Промени

Додадени 1.710 бајти ,  пред 8 години
нема опис на уредувањето
 
Многу напредни умови биле жртви на инквизицијата, како на пример [[Јан Хус]], [[Џордано Бруно]] и други. Укината е во текот на 19 век.
 
== Начин на испитување==
 
Инквизиторите во почетокот делувале на начин што оделе во некое место и прво ги повикувале еретиците и осомничените на покајување, ги собирале нивните имиња. Судот од своја страна пак се состоел од нотар, советници, чувари на затворите и бранители. Оптужените или осомничените ги немале имињата на сведоците кои сведочат против нив. Тие едноставно морале да ја зборуваат вистината и имињата на соучесниците. Во прилог на истрагата се пристапувало кон мачење. Најчести казни биле: одземање на имотот и сите права не само на оптужениот туку и на неговите роднини; потоа оптужениот е ставан во затвор. Упорните еретици биле осудувани на смрт и потоа спалувани. Тие кои се покајале биле задавени и потоа спалувани. Телата на умрените еретици се откопувани и потоа спалувани.
 
Инквизиторот себеси се сметал за одговорен единствено пред [[папа]]та, а на суд можел да ги изведе и духовните авторитети ''поголеми од себе''.
 
== Види исто така ==