Римокатоличка црква: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 54:
Голем број на протестантски реформатори, вклучувајќи ги и [[Мартин Лутер]], [[Жан Калвин]], [[Томас Крамер]], [[Џон Кнокс]], [[Котон Матер]] и [[Џон Весли]], римскиот папа го нарекле односно идентификувале како [[анархизам|анархист]]. Во почетокот на [[16 век]], се создало движење против католичката црква коешто го започнал германскиот свештеник Мартин Лутер и [[Улрих Цвингли]] во [[1517]] година. Лутер се противел на политиката на папата на продавање проштални писма за гревовите, наречени индулгенции, како и на некои теолошки сфаќања на католичката црква. Повод за почеток на борбата за реформа на католичката црква било повторното продавање на индулгенции, наводно за прибирање средства за доградба на Базиликата Свети Петар во [[Рим]]. Во [[1517]] година на вратата на [[Витембершка црква|Витембершката црква]] ги истакнал своите "95 тези", според кои тој барал [[Евангелие|Евангелието]] да биде основен извор на христијанската вера, црквата да биде скромна, да нема многу празници, црковните обреди да се изведуваат на народен јазик, а не на [[латински]] (ја превел [[Библија|Библијата]]), свештениците да се свртат кон народот а не кон трупање на богатсво, и да им се даде право на женидба. Движењето било наречено "[[Лутеранство]]", според неговото име. За истапувањето на Лутер против Католичката црква и против папата се расчуло низ цела [[Германија]] и тој стекнал многу приврзаници од сите слоеви на населението. Но за неговото истапување разбрал и Римскиот Папа и веднаш јавно го осудил неговото учење како [[ерес]] и побарал Лутер да се откаже од 95-те тези.
[[Податотека:Reformation.gif|thumb|200px|Реформацијата и Противреформацијата во Европа. Протестантските земји се обоени со сина, католичките со маслинеста боја.]]
 
[[Контрареформација|Контрареформацијата]] или католичката реформација била религиозно-политическо движение во [[Европа]] како реакцијата на [[римокатоличка црква|Римокатоличката црква]] против протестанската реформација, односно враќање на католичката вера во местата каде што биле заземени од [[протестанство|протестанството]]. Контрареформацијата завршила со [[Трентскиот собор]]. Се обновила дејноста на [[инквизиција|инквизицијата]]. Во [[Европа]], оваа реформација на некои места доживеала успех, но не целосен.
 
== Наводи ==