Ласло Наѓ: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 28:
== Биографија ==
 
Роден е во селото [[Фелсоискаж]] во [[Веспрем]], како трето од четири деца; неговиот помал брат исто така станува поет и пишува под името Иштван Аг. Како последица на воспаление на коскена срж во детството, ќе остане хендикепиран и цел живот ќе страда од потешкотии при одењето. По завршувањето на средно училиште, заминува во Будимпешта со цел да стане [[графика|графичар]], но веќе почнува и да се посветува на [[поезија]]та. Неколку списанија и една антологија ги издаваат неговите стихови и во [[1948]] година, тој одлучува да стане поетотпоет. Учи [[литература]], [[социологија]] и [[философија]] на Универзитетот ''Pázmány Péter'', а подоцна започнува да учи и [[руски јазик]] со цел да ги преведе делата на [[Сергеј Есенин]] на [[унгарски]]. Меѓу 1949 и 1951 година живее во [[Бугарија]], обидувајќи се да го научи [[бугарски|бугарскиот јазик]] и да ги преведе своите омилени дела од бугарската литература. Бугарија ќе ја посети неколку пати во текот на својот живот. Во 1952 година се венча со поетесата Маргит Сечи; една година подоцна се раѓа нивниот син.
 
Следните четири години Наѓ е главен уредник на ''Kisdobos'' (детско списание издавано во текот на [[комунизам|комунизмот]]). Подоцна работи главно само како преведувач, а од 1959 година станува постојан соработник на влијателното литературно списание ''Élet és irodalom'' ("''Живот и литература''"). Тука останува до крајот на својот живот. Добитник е на наградата ''Кошут'' во 1966 година, најважната награда која може да ја добие еден поет. Од 1975 година, почнува да води дневник, кој ќе биде подоцна издаден. Умира од срцев удар во 1978 година.