Разлика помеѓу преработките на „Википедија:Почетен курс (Зачленување)“

нема опис на уредувањето
<div style="clear:both"></div>
</div>
 
Зорица Цилева, Универзитет Американ колеџ Скопје
 
Филис Витли (1753-5 декември 1784 год.) е првата афро-американска поетеса и првата афро-американска жена чии дела биле објавени. Родена е во Гамбија, Сенегал; на седумгодишна возраст станала робинка. Таа била купена од семејството Витли, кое ја научило како да чита и пишува и ја охрабрувало да пишува поезија.
Книгата „Песни со разни содржини, религиозни и морални“ на Витли, објавена во 1773 година í донела слава и придобивки, како што е пофалбата за нејзината работа од Џорџ Вашингтон. Витли била во посета на Англија околу пет недели, придружувајќи го синот на нејзиниот господар и таму била пофалена за една нејзина песна од афро-американскиот поет Јупитер Хамон. Витли била ослободена од нејзините сопственици по нејзините два успеха како поетеса и по смртта на нејзиниот господар; наскоро се омажила. Кога нејзиниот сопруг бил ставен во затвор поради долгови, во 1784 година, Витли била соочена со тешка сиромаштија и починала од болест.
Во 1768 година, Витли ја напишала поемата „За највозвишеното Височество Кралот“, во која го величела Џорџ III за укинување на законот за марките. Како и да е, како што јакнела Американската револуција, Витли пишувала на теми од гледна точка на колонистите.
Во 1770 година, таа напишала поетско признание за Џорџ Вашингтон, кое било широко поздравено. Поезијата на Витли вклучува многу христијански теми, а многу нејзини песни се посветени на славни личности. Повеќе од една третина се состои од елегии, остатокот се со религиозни, класични и апстрактни теми. Таа ретко ја спомнувала својата состојба во нејзините песни. Една од неколкуте во која се зборува за ропството е „Доведена од Африка во Америка“:
 
„Штом благословот ме донесе од мојата паганска земја,
Ја научи да разбере мојата затемнета душа
Remember, Christians, Negroes, black as Cain,
May be refin'd, and join th' angelic train.´
 
Многу бели Американци од тоа време тешко верувале дека Африканка може да пишува поезија, па Витли морала да ја брани нејзината способност за пишување на суд во 1772 година. Таа била испитувана од група бостонски просветители, вклучувајќи ги Џон Ервинг, пречесниот Чарлс Чонси, Џон Хенкок, Томас Хачинсон, гувернерот на Масачусетс и неговиот поручник гувернер Ендру Оливер. Тие заклучиле дека поемите кои í се припишани се напишани од неа и потпишале потврда, која била објавена во предговорот на нејзината книга „Песни со разни содржини, религиозни и морални“ издадена во Алгејт, Лондон во 1773 година. Книгата била издадена во Лондон бидејќи издавачите во Бостон одбиле да ја објават. Витли и синот на нејзиниот господар, Натаниел Витли, отишле во Лондон, каде Селина, грофица од Хантингтон и грофот од Дартмут í помогнале во издавањето.
Во 1778 година, афро-американскиот поет Јупитер Хамон í напишал ода на Витли. Хамон не се спомнува самиот себе во одата, но се чини дека при избирањето на Витли за негова инспирација, тој ја увидел нивната заемна поврзаност.
14

уредувања