Несторијанство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 13:
Кирил во [[Александрија]] следејќи го примерот на Целестин свикал Собор истата [[430]] година на кој Несториј бил осуден. Одлуките на соборот во коишто се изложува правилното учење биле изложени во 12 тези уште наречени антитематизми, бидејќи секоја од нив завршувала со [[анатема]]. Истите биле испратени до Несториј за да ги прифати и потпише, со што би покажал дека се откажува од своето погрешно учење. Но ова ништо не променило. Епископите од источните делови на империјата сè уште не прифаќале дека Несториј е еретик, а Кирил го гледале како човек кој ги слева двете природи на [[Исус]].
 
Од страната на Несториј застанале [[Теодор Кирски]] и [[Андреј Самосадски]]. Антиохискиот архиепископ Јован од страна на императорот бил поставен за арбитер на проблемот, но тој почнал да го подржува Несториј. Ова довело до поделба во црквата, источните епископи (поголемиот дел од нив) застанеле од страна на Несториј, а западните од страна на Кирил. Единствено ерусалимскиот архиепископ останал неутрален.
 
Сите овие околности доведуваат до Третиот Вселенски собор.
 
== Трет вселенски собор==