Сегашно време во македонскиот јазик: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Ред 56:
 
== Употреба ==
[[File:Grafički prikaz na segašnoto vreme.svg|thumb|лево|250px|Графички приказ на трите најчести употреби на сегашното време. Црвената боја означува општ факт, сината моментално дејство, а зелената иден настан.]]
 
Основното значење на сегашното време во македонскиот јазик е да означува дејство што се совпаѓа со времето на зборувањето - сегашноста. Ваквото значење се искажува со несвршени глаголи. Форми на сегашното време се образуваат и од свршени глаголи (пр. ''дојдам, кажам''), но тие не означуваат вистинска сегашност и се несамостојни - се употребуваат со некои сврзници или честици како на пример ''ако, да, дури да/не, додека да/не, ќе'' и други<ref name="општа граматика">{{цитирана книга|last=Бојковска|first=Стојка|coauthors=Лилјана Минова - Ѓуркова, Димитар Пандев, Живко Цветковски|title=Општа граматика на македонскиот јазик|editor=Саветка Димитрова|publisher=АД Просветно Дело|location=Скопје|date=декември 2008|pages=188 - 190|isbn=978-9989-0-0662-7|language=македонски}}</ref>.
:пр: ''Ако дојдам навреме, ќе излезам да се сретнеме.''
 
== Други значења ==
 
Покрај основното значење на времето, со сегашното време во македонскиот јазик може да се искаже и<ref name="општа граматика"/>: