Разлика помеѓу преработките на „Размножување“

Одземени 8 бајти ,  пред 10 години
с
Отстрането уредувањето на 92.55.104.18 (разговор), вратено на последната верзија на Escarbot
с (Отстрането уредувањето на 92.55.104.18 (разговор), вратено на последната верзија на Escarbot)
== Бесполово размножување ==
 
За овој вид размножување потребен е само еден родител. Се среќава и кај [[растенија]]та и кај [[животни]]те, вклучувајќи ги и [[микроорганизми]]те, и тоа попростите видови. [[Потомци]]теПотомците добиени со бесполово размножување се нарекуваат [[клон]]ови, бидејќи имаат иста [[Генетика|генетска]] структура со нивните родители.
 
=== Бесполово размножување кај растенијата ===
Кај животните, овој тип размножување се јавува главно кај [[праживотни]]те и нижите [[без‘рбетници]]. Се манифестира во различни форми:
 
* ''Делбата'' е наједноставна форма. Кај ''праживотните'' таа почнува кога [[тело]]то на една [[индивидуа]] ќе достигне големина карактеристична за видот. Може да биде проста (едноставна) делба, при што телото со претходна делба на [[Клеточно јадро|јадрото]] се поделува на два дела (''бинарна делба''), од кои настануваат две нови единки што понатаму живеат самостојно и се способни да се размножуваат. Бинарната делба може да биде во надолжен (кај [[еуглена]] на пример), напречен (кај [[парамециум]]) или во неодреден правец (кај [[амеба]]). Покрај бинарна, се среќава и повеќекратна (мултипна) делба. Претходно се дели [[јадрото]] на повеќе делови, а потоа и [[цитоплазма]]та на толку делови колку што има нови јадра. На овој начин (со мултипна делба) се размножува [[крв]]ниот [[паразит]] на [[човек]]от- [[плазмодиум]]от. Кај ''многуклеточните животни'', делбата е застапена само кај пониско организираните ([[полихети]], [[олигохети]] итн.).
----
* ''Пупење'' е честа форма на бесполово размножување кај животните. Најтипични примери се наоѓаат кај [[копривкари]]те и [[туникати]]те. Кај нив, со интензивното зголемување на бројот на клетките, дел од телото почнува брзо да се развива, формирајќи пупка што постепено израснува во нова единка. При тоа, кај некои видови таа се одделува од телото на [[мајка]]та (како кај [[хидра]]та) и живее самостојно, а кај други, новите единки остануваат трајно на телото на мајката формирајќи [[колонија]] (како кај [[сунѓери]]те, туникатите итн.).