Катализатор: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Бот Додава: sl:Katalizator
Нема опис на уредувањето
Ред 2:
 
'''Катализатор''' е секоја [[супстанција]] во [[хемија]]та која ги забрзува [[Хемиска реакција|хемиските реакции]], без притоа нејзиното количество при реакцијата да се измени. Хемиските реакции во кој учествува одреден катализатор се наречени реакции на [[катализа]]. Во случаи на [[хомогена катализа]], катализаторот стапува во реакција со еден од [[реактант]]ите (т.е. [[супстрат]]от) и со него образува [[меѓупродукт]]. Дури потоа меѓупродуктот стапува во заемно дејство со другите реактанти за на крајот да се образуваат [[Продукт (хемија)|продукти]]. При [[хетерогена катализа]], пак, честички од реактантите се [[Атсорпција|атсорбираат]] на површината на катализаторот, а потоа таму се случува [[елементарен акт на хемиска трансформација]].
 
[[Слика:CatalysisScheme.png|мини|300п|Дијаграм на генерирана потенцијална енергија која што го покажува влијанието на катализаторот врз хипотетички екзотермната реакција]]
<BR>
<pre>
Реакција без катализатор:
A + B --> AB
 
Реакција со катализатор:
 
A + B + K --> [ABK]
[ABK] --> AB + K
</pre>
 
Забрзувањето на хемиските реакции со присуство на катализатори е многу корисно, а каталитичките реакции наоѓаат широка примена. Практична важност имаат т.н. [[каталитички конвертор]]и што се поставуваат на патот на издувните [[гас]]ови кај [[автомобил]]ите. Други, доста важни катализатори се биокатализаторите, наречени [[ензим]]и, кои ги катализираат [[Биохемија|биохемиските]] реакции.