Прогонување на христијаните во Римското Царство: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
Римјаните раните христијани ги нарекувале [[атеизам|атеизти]], безбожници поради нивното одбивање да ги прифатат [[Римски богови|римските богови]]<ref>[http://www.pravoslavni-odgovor.com/Svet_oko_nas/zasto_su_gonili_Hriscane.htm Андреј Курајев, Поради што биле христијаните прогонувани во паганскиот свет (српски)]</ref> Така, често пати христијаните поради својата [[религија]] биле убивани или осудувани на смрт на кое тие одговарале на властите “''Вие можете да не убивате, но нам не можете да ни нанесете зло''<ref>[http://www.svetosavlje.org/biblioteka/Osnovi/Dijalozi/Dijalozi08.htm Валентин Свенцицки, О промислу и слободи воље]</ref>
 
== Нерон ==
Прв император кој започнал со прогонување на христијаните бил Нерон, еден од најжестоките римски императори (54-68). Како повод за прогонување на христијаните послужил големиот пожар кој се случил во Рим во 64 година. Од пожарот бил уништен поголем дел од градот, а илјадници биле лишени од своите домови. Прогонот започнал на 18 јули. Од четиринаесет реони во градот останале само четири. Според некои научници, самиот пожар бил предизвикан од Нерон.
 
Нерон како главни причинители за пожарот ги обвинил христијаните. Претходно, самата римска заедница се однесувала студено кон апостол Павле бидејќи неговото движење се сметало за автентично како онаа во Ерусалим. Сепак, посланието на Павле кон Римјаните предизвикало брзо ширење на христијанството во Мала Азија.
 
Според Такит, Нерон најпрвин самиот потврдил дека уапсените биле христијани. Потоа, водејќиу се од информациите добиени од нив, голем број на други христијани биле осудени, но не поради наводно подметнување на пожар туку поради антиопштествени намери. Такит во својата книга Римски Анали јасно ги опишал омаложувањата над христијаните:
 
Некои, облечени во кожа од диви животни, беља распарчени од кучиња: други беа распнати или претворени во факели, што ги палеа по поѓањето на ноќта, за да служат како светилки. Нерон ги отстапи своите градини за спектаклот и организираше претстави во Циркусот...
 
== Наводи ==
{{наводи}}