Васил Иљоски: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][непроверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Ред 40:
== Биографија ==
 
Васил Иљоски бил роден во [[Крушево]], лка му земја тешки му камења пичка му материна !!!спроти големите историски настани во овој град во [[1902]] година. Основното образование го завршил во градот [[Куманово]]. За тоа време тој му помагал на својот татко во нивната семејсна [[Столарство|столарска]] работилница. И покрај тоа што тој работел како [[занаетчија]] во раните години од животот, Васил не станал занаетчија. Тој продолжил со своето образование и се запишал во кумановската гимназија и кога завршил средно училиште се запишал на ''Филозофскиот факултет'' во [[Скопје]]. По дипломирањето, Иљоски работел како суплент во Кимановската гимназија, но набрзо бил преместен - повеќе од казна - порадиизвесни обиди низ книжевните текстови да проговори на [[македонски јазик]]. По ослободувањето Васил Иљоски имал раководни фукнции во просветата, а се пензионирал како професор на Вишата педагошка академија во Скопје.<ref name="иљоски"/>
 
Васил Иљоски уште како ученик пројавувал интересирање за [[книжевност]]а. Од тоа време датираат неговите први обиди и самиот да пишува, како член на литературната дружина во гимназијата. Особено силен впечаток му оставил сценскиот збор, па така и првиот јавен настап на Васил Иљоски во книжевноста бил направен со еден драмски текст по име ''„По матурата“''. Тоа била [[едночинка]], во која наместа прозвучил македонскиот јазик. Самиот автор учествувал како актер при поставувањето на овој текст на сцената, подготвен од школската дилетантска дружина. Со оваа претстава, користејќи една екскурзија, членовите на дружината гостувале и во неколку други места.<ref name="иљоски"/>