Анонимен корисник
ситна поправка
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
сНема опис на уредувањето |
ситна поправка |
||
Ред 1:
'''Таргетирањето на девизниот курс''' ([[англиски]]: ''exchange rate targeting'') или '''врзувањето на девизниот курс''' ([[англиски]]: ''exchange rate peg'') претставува стратегија на [[монетарната политика]] каде што централната банка ја одржува вредноста на домашната валута во однос на една или неколку странски валути. Во рамките на оваа стратегија, девизниот курс претставува посредна цел на монетарната политика, т.е. преку контролата врз девизниот курс, централната банка настојува да ја одржува стабилноста на цените. Таргетирањето на девизниот курс претставува ефективна стратегија за контрола на [[инфлацијата]] поради повеќе причини: прво, преку врзувањето на девизниот курс се стабилизира увозната компонента на инфлацијата, т.е. се спречува порастот на цените на увозните производи; второ, оваа стратегија ги дисциплинира монетарната и [[фискалната политика]]; трето, врзувањето на девизниот курс испраќа јасен сигнал до јавноста за намерата на централната банка да ја елиминира инфлацијата; четврто, таргетирањето на девинзиот курс овозможува лесно следење и проверка на исправноста на монетарната политика што ја води централната банка, бидејќи јавноста лесно може да провери дали курсот се одржува на поставеното ниво.<ref>Горан Петревски, ''Монетарна политика - Теорија и искуството на Македонија'', Здружение за социо-економски развој, Скопје, 2005.</ref>
Сепак, таргетирањето на девизниот курс се одликува и со одредени недостатоци, како што се: прво, преку врзувањето на девинзиот курс, централната банка ја презема монетарната политика од земјата-сидро, со што ја земјата губи можноста за водење самостојна, независна политика. Освен тоа, сите шокови што ја погаѓаат земјата-сидро се пренесуваат врз домашната економија; <ref>Frederic S. Mishkin, "International Experiences with Different Monetary Policy Regimes", NBER Working Paper 7044, March 1999.</ref>
==Форми на таргетирање на девизниот курс==
|