Македонски парламентарни избори (1990): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
{{Без извори|датум=ноември 2009}}
{{Политика на Република Македонија}}
'''Парламентарните избори 1990 година''' се првите парламентарни избори што се одржани во [[Република Македонија]] (тогаш се уште [[Социјалистичка Република Македонија]]), по воведувањето на [[политички плурализам|политичкиот плурализам]]. НајповеќеНајмногу мандати освои [[ВМРО ДПМНЕ]], 38, а следна партија беше дотогашната единствена и владејачка партија [[Сојуз на комунистите на Македонија|СКМ-ПДП]].
 
Изборите се одржаа според [[мнозински изборен систем|мнозинскиот изборен систем]] при што територијата на републиката беше поделена во 120 изборни единици. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на [[11 ноември]] [[1990]] година, а вториот – на [[25 ноември]]. [[Гласачки одзив|Гласачкиот одзив]] во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.<ref>[http://www.sec.mk/arhiva/1990_parlamentarni/konecni_rezultati_1990.pdf Републичка изборна комисија: Конечни резултати од Изборите 1990, 1 стр.]</ref>
 
Главна тема на изборите беше статусот на СР Македонија во [[СФРЈ|југословенската федерација]] и прашањето дали треба да се продолжи по пат на поголема самостојност.
 
Мандати во новото еднодомно собрание освоија девет партии и три независни пратеници.
Мандати во новото еднодомно собрание освоија девет партии и три независни пратеници. [[ВМРО ДПМНЕ]] освои 38 мандати, [[Сојуз на комунистите на Македонија|СКМ-ПДП]] 31, [[Партија за демократски просперитет|Партијата за демократски просперитет]] 22, [[Сојуз на реформски сили|Сојузот на реформски сили]] 18, [[Социјалистичка партија на Македонија|Социјалистичката партија на Македонија]] 4, [[Странка на Југословените|Странката на Југословените]] 2 и по еден мандат [[Народна демократска партија|Народната демократска партија]] и [[Партија за целосна еманципација на Ромите|Партијата за целосна еманципација на Ромите]].
 
{| class="wikitable" style="text-align: center;"
|-
|'''Политички партии'''
|'''Освоени мандати'''
|-
|style="text-align:left;"|[[ВМРО ДПМНЕ]]
|38
|-
|style="text-align:left;"|[[Сојуз на комунистите на Македонија|СКМ-ПДП]]
|31
|-
|style="text-align:left;"|[[Партија за демократски просперитет]]
|22
|-
|style="text-align:left;"|[[Сојуз на реформски сили]], [[Млада демократско-прогресивна странка]]
|18
|-
|style="text-align:left;"|[[Социјалистичка партија на Македонија]]
|4
|-
|style="text-align:left;"|[[Странка на Југословените]]
|2
|-
|style="text-align:left;"|[[Народна демократска партија]]
|1
|-
|style="text-align:left;"|[[Партија за целосна еманципација на Ромите]]
|1
|-
|style="text-align:left;"|Независни пратеници
|3
|-
|style="text-align:left;"|'''Вкупно'''
|120
|}
 
Првата конститутивна седница се одржа на [[8 јануари]] [[1991]] година.
 
Поради распоредот на силите во [[Собрание на Република Македонија|Собранието]] настанаа сериозни тешкотии во однос на формирањето на влада. На крајот се пристапи кон формирање на [[техничка влада]]. Мандатот му беше доделен на [[Никола Кљусев]], кој состави [[Влада на Република Македонија од 1991‎|свој кабинет]] и кој на [[20 март]] ја доби довербата од пратениците на Македонското собрание.
 
== Извори ==
<references/>
 
== Надворешни врски ==
* [http://www.sec.mk/arhiva/1990_parlamentarni/konecni_rezultati_1990.pdf Републичка изборна комисија: Конечни резултати од Изборите 1990]
* [http://www.sobranie.mk/?ItemID=79B5B8E8553BC9448467E22984766301 Пратенички состав 1991 - 1994]