Евангелие според Матеј: Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето
Нема опис на уредувањето
Ред 1:
'''Евангелие според Матеј''' е првото евангелие на [[Нов Завет|Новиот Завет]], чиј автор е [[апостол Матеј]]. Неговото првенство произлегува од тезата, поставена од историчарите, а прифатена од Православната и Римокатоличката црква, дека се работи за прв евангелски текст.
 
== Дата на пишување ==
 
Според податоците кои ги дал Папијас, епископот од Хиреаполис, Матеј го напишал евангелскиот текст на [[хебрејски јазик]]. Сепак, за жал, досега не е пронајден ниту еден од примероците напишани на [[хебрејски јазик]]. Светлото на денешницата, досега, го имаат видено единствено неговите старогрчки верзии. Притоа, повеќе прашања поврзани со ова [[евангелие]] сеуште предизвикуваат полемики во научниот свет. Едно од тие прашања, е проблематиката поврзана околу неговото прецизно датирање. Според едни автори, евангелието според Матеј датира од околу [[70]] – [[80]] година, а, пак, според други во годините од 85-тата до 90 година.
 
Сепак, се чини дека овие претпоставени датирања најверојатно се погрешни. Ова поради фактот бидејќи при обидот за нивно датирање не се земал во предвид податокот кај Папијас. Имено, за попрецизно датирање на Евангелието според Матеј може да послужи еден цитат кај Папијас, а сочуван од страна на [[Иринеј Лионски]] и [[Евсевиј Кесариски]], каде што се вели дека „...''Матеј го напиша евангелието во периодот кога апостолите Петар и Павле претстојувале во Рим''“. Ова е особено важен податок во обидот прецизно да се датира оригиналниот хебрејски евангелски текст на [[апостол Матеј]]. Имено, ако знаеме (врз основа на [[Дела на светите апостоли|Делата на светите апостоли]]) дека Петар и Павле биле затворени во [[Рим]] во 60-те години на [[1 век]], за време на владеењето на [[Нерон]] ([[54]] – [[68]]), тогаш произлегува дека Матеј го напишал евангелскиот текст околу 61 – 62 год., но никако после 65 – 68 кога апостолите веќе биле маченички убиени.
 
== Автентичност==
 
Второ прашање кое предизвикува полемики во науката е проблематиката поврзана околу неговата автентичност. Во врска со ова постојат две спротиставени групи мислења. Првата е онаа која се сомнева во неговата автентичност, а втората е онаа која го вреднува за релативно сигурен извор. За воља на вистината мора да се каже дека вторава група науќници е помногубројна и според мене користи поприфатливи аргументи. Па така, како еден од аргументите кои одат во прилог на автентичноста на матеевото евангелие е фактот дека неговиот автор многу добро ја познавал географијата на Палестина, хебрејските обичаи и хебрејската историја. Тој имал и одлично познавање на стариот Завет, а посебно на Мојсиевиот Закон. Сево упатува на препоставката дека авторот на евангелието бил Хебреин од Палестина и дека тој бил апостолот Матеј.