Разлика помеѓу преработките на „Парис (митологија)“

Додадени 2.427 бајти ,  пред 10 години
+ содржина
(+ содржина)
Парис постојано одржувал натпревари со [[бик]]овите на останатите сточари, а како награда ги нудел своите бикови. Неговиот бик секогаш победувал. На крајот Парис понудил златна круна за оној кој ќе го победи неговиот бик. Богот [[Арес]] се претворил во бик, и така го победил бикот на Парис. Без двоумење, Парис му ја дал круната на Арес, а поради неговата искреност, олимписките богови го побарале да пресуди во кавгата меѓу божиците [[Атена (митологија)|Атена]], [[Хера]] и [[Афродита]].
 
[[Податотека:Rubens - Judgement of Paris.jpg|mini|lijevoдесно|200px|[[Петер Паул Рубенс]]: Судот на Парис<small>, [[1636]]</small>]]
 
На прославата на бракот меѓу Пелеј и Тетида, [[Зевс]] не ја поканил Ерида, божицата на раздорот. Таа бесна затоа што не била поканета, лута дошла на прославата и фрлила едно златно јаболко на масата (од овде потекнува изразот „'''јаболко на раздорот“''') на кое пишувало {{polytonic|καλλίστῃ}} = за најубавата. Три од божиците го побарале јаболкото - [[Атена (митологија)|Атена]], [[Хера]] и [[Афродита]], и побарале од Зевс да реши која од нив три е најубава. Не сакајќи да се меша, Зевс го повикал Парис да ја реши дилемата.
[[Хермес]] со трите кандидатки дошол на гората Ида. На средбата со Парис, сите три се обиделе да го подмитат Парис. [[Хера]] му понудила да го направи крал на [[Европа]] и [[Азија]], а [[Атена (митологија)|Атена]] му рекла дека ќе му даде мудрост и воена вештина. [[Афродита]] му ја понудила раката на најубавата смртна жена на светот, а тоа била [[Елена]], жената на кралот [[Менелај]]. Парис ја прогласил нејзе за најубава и ѝ го дал јаболкото.
 
==Тројанската војна==
[[Податотека:Helene Paris David.jpg|mini|десно|[[Жак-Луис Давид]]: [[Елена (митологија)|Елена]] и Парис]]
 
Во моментот кога [[Афродита]] на Парис му ја ветила раката на [[Елена (митологија)|Елена]], таа веќе била мажена за [[Менелај]], кралот на [[Спарта]]. Но, ова не го спречило Парис да ја грабне, крадејќи ги притоа и коњите на Менелај. Во другата верзија на митот, Елена се вљубила во Парис и побегнала со него доброволно, напуштајќи ги сопругот и деветгодишната ќерка [[Хермиона]].
 
Кога Менелај дознал дека му ја нема жената, ги повикал сите сојузници на помош да ја вратат, и така е започната [[Тројанската војна]], која траела десет години.
 
===Парис во војната===
Во [[Хомер]]овата [[Илијада]], Парис е прикажан како кукавица. За време на двобојот со Менелај, го спасила Афродита. Единственото убиство што го направил било убивањето на [[Ахил]] - го убил со отровна стрела која ја водел богот [[Аполон]]. Друга верзија на митот вели дека Парис бил многу добар стрелец, и дека самиот го погодил Ахил во петицата. Но, истакнувањето на Парис како стрелец е верзија во која тој е прикажан како Азиец, а не како Грк, бидејќи Грците ретко во битки користеле лак и стрела, за разлика од Азијците во тоа време.
 
Парис е убиен од [[Филоктет]]. Откако умрел Парис, неговиот брат Диофоб се оженил со Елена. Него пак, го убил Менелај и ја вратил Елена назад во Спарта.
 
==Наводи==