Парис (митологија): Разлика помеѓу преработките

[проверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
+ содржина
Ред 4:
 
==Детството на Парис==
[[Image:Statue of Paris.jpg|thumb|left|mini|[[Статуа]] на Парис што се чува во Британскиот Музеј]]
Парис бил дете на [[Пријам]] и [[Хекуба]]. Пред да се роди, мајка му сонувала дека родила факел што гори. Преплашената кралица, се посоветувала со Езак, кој бил гатач и ја знаел [[ониромантија|вештината на толкување соништа]]. Езак вака го објаснил значењето на сонот: кралицата ќе роди син, кој ќе биде причина за пропаст на својот град. Хекуба навистина родила син, а љубовта кон татковината надвладеала врз мајчинската љубов, па се согласила детето да биде однесено на планина и да биде убиено. Кралот Пријам му го дал новороденчето на еден од слугите по име Агелај, да го убие.