Разлика помеѓу преработките на „Константин I и христијанството“

 
Според христијанските верувања, Константин по ова тешко се разболел, а лекарите му советувале да се избања во крв од заклани деца, што тој го одбил. Тогаш на сон му се јавиле светите апостоли [[Свети Петар|Петар]] и [[Свети Павле|Павле]], кои го советувале да го побара [[Папа Силвестер I|епископот Силвестер]] кој ќе го излекува од страшната болест. Константин ги повикал христијаните и ги прашал дали имаат богови што се викаат Петар и Павле. Тие му одговориле дека имаат само еден бог [[Исус Христос]], а дека Петар и Павле се светци што нему му служеле и дека маченички загинале токму во [[Рим]]. Константин го побарал епископот Силвестер, а овој откако го запознал со верата христијанска, го крстил по што и болеста исчезнала. Така Константин бил првиот римски император што бил крстен.
 
Според друго предание Константин бил крстен во [[Никомидија]] непосредно пред смртта, иако христијанската вера ја исповедувал од многу порано. За време на својот живот Константин изградил повеќе цркви, а тоа го направила и мајка му Елена.
 
Константин кога победил во битката против [[Скити]]те на [[Дунав]], изградил град на [[Босфор]] кој по неговото име бил наречен [[Константинопол]], [[Нов Рим]] или [[Цариград]].
 
== Прв вселенски собор ==
 
Кога настанале потреси во црквата поради дејствувањето на еретикот Ариј, царот Константин го свикал во [[Никеја]] [[Прв вселенски собор|Првиот вселенски собор]].
 
Од него произлегла првата унифицирана и општоприфатена [[христијанска доктирна]]. Со создавањето на [[Никејски Симбол на вера]], преседан бил создаден според кој за прв пат во историјата на црквата бил даден модел преку кој во иднина требало да бидат создавани догми и канонски доктрини<ref>{{ws|"[[s:Catholic Encyclopedia (1913)/The First Council of Nicaea|First Council of Nicea]]" in the 1913 ''Catholic Encyclopedia''}}</ref><ref>{{cite web|url= http://www.1911encyclopedia.org/Council_of_Nicaea|title= Council of Nicaea in the 1911 Encyclopædia Britannica|work=www.1911encyclopeida.org|accessdate=march 14, 2010}}</ref>.
 
== Наводи ==