Разлика помеѓу преработките на „Константин I и христијанството“

 
Со овој знак Константин влегол во борба против Максцениј, кој со силна војска бил утврден во близината на [[Рим]] и лесно го победил. Бегајќи со многу војници Максцениј се удавил во реката [[Тибар]] на [[28 октомври]] [[312]] година. Константин влегол во Рим, радосно пречекан од населението затоа што го ослободил градот.
 
Во [[314]] година [[Лициниј]] се ставил на страната на Басијан, против Константин I Велики. Во оваа граѓанска војна, Константин I го победил Линциј во [[Панонија]] на [[8 октомври]] [[314]] година. Иако претрпел уште еден пораз, повторно дошло до склучување на мир, во кое Лициниј ја добил Тракија, Сирија и Египет. Подоцна, Константин I Велики започнал повторно војна со Лициниј, заробувајќи го во [[Византион]], денешен [[Истанбул]]. По ова тој бил преместен во Солун во т.н. куќен притвор. Кога се обидел да дигне повторно револт, Константин I Велики наредил да биде убиен.
 
== Милански едикт==
 
По огромната победа во Рим, Константин донесол закон, познат под името [[Милански Едикт]] во [[313]] година, со кој го забранил [[Прогонување на христијаните|прогонувањето на христијаните]], им дозволил да градат храмови и во нив да се молат. Константин среде [[Рим]] подигнал споменик на овој знак со што означил дека тој е чувар на [[Римската империја]]. Подоцна изградил и статуа со својот лик со крст во десната рака и со напис на латински јазик: ''”Со овој спасоносен знак што е сведоштво на вистинската храброст го ослободив нашиот град од јаремот на тиранското владеење, на сенатот и на римскиот народ им ја вратив слободата и поранешниот украс и сјај”''.
 
== Покрстување==
 
Според христијанските верувања, Константин по ова тешко се разболел, а лекарите му советувале да се избања во крв од заклани деца, што тој го одбил. Тогаш на сон му се јавиле светите апостоли [[Свети Петар|Петар]] и [[Свети Павле|Павле]], кои го советувале да го побара [[Папа Силвестер I|епископот Силвестер]] кој ќе го излекува од страшната болест. Константин ги повикал христијаните и ги прашал дали имаат богови што се викаат Петар и Павле. Тие му одговориле дека имаат само еден бог [[Исус Христос]], а дека Петар и Павле се светци што нему му служеле и дека маченички загинале токму во [[Рим]]. Константин го побарал епископот Силвестер, а овој откако го запознал со верата христијанска, го крстил по што и болеста исчезнала. Така Константин бил првиот римски император што бил крстен.
 
== Наводи ==