Константин I и христијанството: Разлика помеѓу преработките
[проверена преработка] | [проверена преработка] |
Избришана содржина Додадена содржина
Нема опис на уредувањето |
Нема опис на уредувањето |
||
Ред 36:
Константин Велики има голема улога во историјата на [[христијанство|христијанството]]. Тој е еден од главните финансиери на [[црква|црквата]], изградил многу [[базилика|базилики]], ја ослободил црквата од многу [[данок|даноци]] и на тој начин го помагал распространувањето на христијанството. Во периодот од [[324]] до [[330]] година ја преместил престолнината на империјата од [[Рим]] во [[Византион]], град кој подоцна во негова чест е наречен [[Константинопол]]. Градот го изградил во духот на новата [[религија]] со многу цркви и со одбранбени ѕидини. Во ''Новиот Рим'', како што бил нарекуван, не постоеле пагански храмови. Константин бил крстен на смртното легло.
== Позадина ==
Првите три века од [[Историја на христијанството|историјата на христијанството]] се проследени со жестоко прогонување на христијанските верници, но сепак бројот на неговите приврзаници постојано се зголемувал. Во [[4 век]] за време на римските императори [[Диоклецијан]] и [[Максимилијан]], прогоните биле најжестоки. Биле разрушени голем дел од христијанските храмови, христијанските книги биле забранети и палени, а христијаните биле подложувани на најжестоки измачувања.
Во времето на [[Констанциј Флор]], татко на Константин, односот кон христијаните започнал да се променува. Константин бил најстариот син на римскиот император Констанциј Флор, и императорката [[Света Елена]]. Констанциј имал и други деца од друга жена, а со Елена го имал само Константин. Кога татко му починал во [[Англија]] во [[306]] година како император на римскиот престол, Константин го заменил на императорскиот престол.
== Наводи ==
|