Тероризам: Разлика помеѓу преработките

[непроверена преработка][проверена преработка]
Избришана содржина Додадена содржина
с Отстрането уредувањето на 89.205.102.88 (разговор), вратено на последната верзија на EmausBot
Ред 2:
{{Внимание}}
'''Тероризмот''' претставува незаконско користење насила и насилство од страна на поединци или групи кои имаат директна врска со странските сили или пак, чии активности ги преминуваат националните граници, насочени против лица или објекти со цел да ги заплаши или да го принуди [[население]]тo или било кој сегмент од [[општество]]то во остварување на своите [[Политика|политички]] или општествени цели. Во денешно време, најголем број на меѓународни терористички организации се спонзорирани од една или повеќе држави. Терористичките организации добиваат целосно поодршка од владите на државите- спонзори односно за своите активности имаат охрабрување во вид на финансиска помош, обука и заштита од една или повеќе влади.
== Почетоци на тероризмот ==
Тероризмот со меѓународно значење своите зачетоци ги има уште во далечната [[1930]] година, кога беше извршено првото грабнување на авион, за денес да прерасне во глобална закана и сериозен акт на современата цивилизација. Современиот меѓународен тероризам не се однесува само на едно изолирано општество, односно не е насочен само против интересите на една држава. Неговата деструктивна моќ подеднакво ја чуствува целокупната меѓународна заедница што значи дека е неопходна да се познаваат сите видови на поврзаност меѓу терористичките акти и севкупните односи и состојби во меѓународната политика. Голем број на меѓународни конвенции го инкриминираат терористичкото однесување и ги обврзуваат сите земји да се борат со сите средства на правната држава против сите видови на тероризам. Од тој аспект, можеме да константираме дека меѓународниот тероризам претставува збир на активности забранети со меѓународното право, насочени против поединци, групи, држави и нејзини институции.
 
Ред 15:
Најновата етапа во развојот на тероризмот, претставува глобална закана и го отвара патот за создавање на нова “Империја на насилство” односно светот го внесува во новото “Царство на стравот и ужасот”. Пречекорувањето на последниот праг на тероризам ќе значи отворање на нова “Цивилизациска врата” во пеколот, иако за утеха ќе констатираме дека шансите за успешен супертерористички акт сѐ уште се минимални, но до кога…?
 
Остварувањето и реализацијата на овој “Терористички сон” е можно, говори и податокот дека денес во светот има преку 3000 терористички организации со вкупно 200 000 терористи. За големината и јачината на терористичките организации илустративно говорат за извршените 73 785 терористички инциденти од 1970 до 1997 година. Исто така, мошне значајно е и тоа што тероризмот се става и во функција на интернационализација на војна. Всушност тероризмот во поново време се дефинира и како “војување”- војување со ниско ниво, конфликт од мали размери, односно војување со низок интензитет на употреба на насилство за остварување на определени политички цели. Но, во исто време, неговите активности се повеќе се ставаат и во функција на интернационализација на војната, посебно на граѓанските конфликти. Создавањето на се поголем број меѓународни терористички организации и сериозноста на тероризмот како нуклеарна, биолошка и хемиска закана претставува Ахилова петица на нашата цивилизација- смртна опасност за иднината на човештвото. Глобалните закани во целост претставуваат закани на новото време- сериозна опасност за меѓународниот мир и безбедност. Современиот тероризам само ја зголемува таа опасност, кој зајакнува се повеќе од ден на ден. Светот повторно е изложен на нови големи и опасни терористички провокации.
 
== Терористички дејства како облик на специјална војна ==